Skip to content

ПАДРИОН ГРАДИ ДИГИТАЛНА СИНЕРГИЈА ВО РЕГИОНОТ ЗА ПОСИЛНИ ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ

Центарот за развој на Скопски плански регион, како еден од деветте партнери од седум земји во Јонско-јадранскиот регион, ја интензивираше имплементацијата на проектот ПАДРИОН„Соочување на јавните администрации со процесот на дигитална трансформација како заедница во областа АДРИОН“,  преку дводневна фокусирана кампања.

Проектот се реализира со поддршка на програмата ИНТЕРРЕГ ИПА Адрион на Европската Унија и има за цел да одговори на заедничкиот предизвик со кој се соочуваат јавните администрации во процесот на дигиталната трансформација во овој регион, со посебен фокус на жените и дигитализацијата во Северна Македонија.

Во рамки на дводневната брифинг кампања беа реализирани координирани средби со клучните чинители од Работната група на проектот. Процесот започна со средба со претставници од четири општини  и тоа: Илинден, Гази Баба, Карпош и Чаир, при што Општина Гази Баба беше мапирана како пилот општина за реализација на претстојните активности од проектот. Таа е препознаена како релевантен пример во национален контекст во која ќе се спроведуваат анализи на целната група, поточно на  жените од рурални и урбани средини, жени претприемачки, како и различни возрасни категории, со фокус на нивото на нивната дигитална писменост.

Средбите со Министерството за локална самоуправа и со Министерството за дигитална трансформација, пак, овозможија размена на информации, идеи и искуства, како и отворање простор за вмрежување на базите на податоци. Посебен акцент беше ставен на мотивирање на граѓаните и општините за активно користење и унапредување на националната интероперабилна платформа за интегрирани е-услуги. Министерството за дигитална трансформација беше вклучено и како консултативен партнер при креирањето на анкетниот прашалникот, чија цел е анализа на реалната состојба на терен.

Кампањата опфати и средби и со Сојузот на стопански комори, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Здружението на бизнис жени – партнери и професионални соработници во ПАДРИОН. Со стопанските комори се дискутираше за зголемување на продуктивноста преку дигитална трансформација, вештачка интелигенција и сајбер безбедност, со примери од транспортната и други клучни индустрии, повторно со фокус на улогата на жените. Академскиот сектор, преку експертите од ФИНКИ, даде значаен придонес со препораки за методологијата и дистрибуцијата на прашалниците, како и за структурирање на планираната платформа. Од Здружението на бизнис жени, пак, беа  споделени искуства и податоци од претходни истражувања, вклучително и анализи поврзани со жените претприемачки и руралните жени. 

Како заеднички заклучок од средбите со институциите, приватниот сектор, граѓанските организации, академската заедница и општините, беше истакната потребата услугите, документите и информациите да се движат брзо и ефикасно, наместо граѓаните.

Во таа насока, ПАДРИОН се позиционира како клучна „алка“ за дигитална синергија и одржлив развој, преку воспоставување локални дигитални агенди, избор на ефективни алатки во процесите на дигиталната трансформација, но, пред сè,  реално согледување, мерење и адресирање на потребите за зголемување на дигиталната зрелост на жените во локалните заедници.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy