Центарот за развој на Скопски плански регион во својство на партнер од Р.С.Македонија во рамки на имнплементацијата на мултинационалниот проект ПАДРИОН денеска реализираше конструктивна On- line средба со партнерите од Италија за претстојната конференција која ќе се одржи на почетокот на декември во Атина, соседна Грција. Целта е да се презентира партициптивниот процес во структурата на планираната отворена платформа, со опфат на дигиталните агенди и применливите модели кај идентификуваните целни групи од локалните заедници на секоја земја уесничка во проектот. Oпштината Пјаченца, од Италија, како партнерска организација во проектот, навести дека во нивниот случај се планира секој кластер да има посебна алатка за различни случаи, а во општината Егалео, Грција ќе се почне со истата алатка, но со формулирана методологија и апликација во слободната дигитална платформа. На состанокот се дадоа насоки за следните чекори кои треба да продуцираат технички експертизи и спецификации за дигитални алатки кои треба да се произнесат со конкретни решенија. Препораките од состанокот се во претстојното дводневно вмрежување на во Атина да се споделат искуствата, know haw применливите модели од кои преку споредбите ќе произлезат заедничките точки на сите партнерски земји од јонско-јадранскиот регион со што би се постигнала меѓународна дигитална интероперабилност.
No comment yet, add your voice below!