Skip to content

ЦРСПР ВО СОРАБОТКА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ВО МАПИРАЊЕТО ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ ПАДРИОН

Во рамки на определувањето на применлива локална дигитална агенда, но на локален контекст, откако со општините од работната група на проектот ПАДРИОН беше мапирана општината Гази Баба  и целната група, жените во рурална, урбана, административна, претприемачка средина во определен возраст, Центарот за развој на Скопски плански регион, ја продолжи аналитичката кампања со претставниците на Министеството за локална самоуправа и Министерството за дигитална трансформација. На оваа средба по краткиот осврт на прогресот и фазите на проектот ПАДРИОН, беа споредени со можностите за интероперабилност и меѓуопштинска соработка кои ги нуди националната платформа која ја протежира Министертсвото за дигитална трансформација. Од страна на претставниците од министерствата беа презентирани актуелните мерки и предизвици во рамки на институционалното спроведување на дигиталната трансформација за поголем одзив на граѓаните и самите општини. Беа преложени пристапи во интегрираните услуги, унификација,  планиран простор за резултатите од ПАДРИОН и взаемна соработка со размена на информации кои се клучни во процесите на подобрувањето на нивото на дигиталната трансформација. Со постојан дијалог, опсервација на актуелните проекти кои се во рамки на програмите со грантови од ЕУ кои ја стимулираат дигиталната трансформација се постигнува јасна слика за превземените мерки и стратегии во кои може да се интегрира структурално и ПАДРИОН кој е исчекор во дигиталното вмрежуване на интернационално ниво.  Со двете министерства беа иднетификувани 3 точки: размена на информација, учество во панатамошните мапирања и дефинирање на терминологии кои понатаму би придоленеле со синхронизација и унификација, во дигиталниот прогрес.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy