Проектот ПАДРИОН продолжува со активностите кои се фокусираат на дигитализацијата на локално ниво со посебен акцент на жените во руралните средини, со опфат и на администрацијата и претприемништвото. За таа цел беше одржан состанок со сегментот од работната група кој го претставуваат 4 –те општини во Скопскиот регион: Илинден, Гази Баба, Карпош и Чаир. По конструктивната дискусија и предлози за насочување и дистрибуција на моделот на Падрион, фокус групата се одлучи за понатамошните анализи, истражувања и пилот тестирања да се соработува со општината Гази Баба која најдобро ја отсликува генералната слика на Македонија, како избалансирано урбана и рурална, со сите потребни карактеристики за имплементација на проектот. Следните активности се во насока на испитување на степенот на дигитална зрелост и писменост на населението во општината, со фокус на женскиот родов ентитет, со цел да се добие објективна слика за регионот. Предизвиците на ПАДРИОН се преку студиозна анализа и опфат на спектар од различна возраст, припадност на рурална или урбана средина, професија, образование и др. да се дојде до структура на меѓуопштинаска интероперабилност преку подобрување и екипирање на алатките и е-услугите, во Скопскиот регион. Целта е применлива алатка која би можела да се генерира, пресликува и разменува со останатите региони во нашата земја и пошироко во рамки на Јонско –Јадранскиот регион, како програмска област на ПАДРИОН.





No comment yet, add your voice below!