Во периодот од 16-19 септември 2025 г. во рамките на ЕУ-TAIEX проектот “Дигитални општини“, в.д. директорката на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска, заедно со претставниците на општините Карпош, Аеродром, Чучер Сандево, Петровец и Гази Баба ја реализираа студиската посета на општината Ново Место, Република Словенија, со цел запознавање со процесот на дигиталната трансформација.
На средбата со претставниците на општината Ново Место, г-от Петер Гершич, Раководител на канцеларија за развој и г-от Мирослав Стрниша, Раководител на ИТ Секторот, учесниците подетално се запознаа со пристапот за унапредување на дигиталната трансформација, апликација на дигиталните иновации и ИоТ за одржлив урбан развој како и промовирање на инклузивно и транспарентно управување преку соодветни граѓанските услуги, како што се внатрешните административни платформи, системите за паметни градови и дигиталната платформа SITIUM – интегрирано решение за граѓански услуги и општински операции. Учесниците имаа можност и да ги разгледаат и платформите за јавните е-услуги и е-демократија т.е. системите за вклучување на граѓаните, дигиталниот пристап до услугите и алатките за партиципативно управување.
Учесниците ги посетија и клучните центри, UrbaNMakerspace кои претставува дигитална средина за учење и развој на роботиката и иновативните технологии за паметни градови, како и бизнис инкубаторот Подбрезник – LABTOP кој е индустриска лабораторија за учење, вмрежување, применето истражување и поддршка на растот на претприемништвото, одржувајќи одржлив развој на квалитетот на живот на жителите на локалните заедници и регионот.
Со оваа Студиската посета се поттикна регионалната соработка и се инспирираа нови пристапи кон одржлив урбан развој и дигитално управување кои би се примениле во Скопскиот плански регион.
Студиската посета се реализираше во рамките на проектот “Дигитални Општини“, финансиран од страна на Инструментот за техичка подршка на ЕУ – ТАИЕКС на локално ниво – TAIEX Strategic Support to Local Authorities, подржан од Секретаријатот за Европски прашања (СЕП), а имплементиран од Центарот за развој на Скопски плански регион.





No comment yet, add your voice below!