Денеска, Центарот за развој на Скопски плански регион ја одржа првата работна средба на работната група во проектот ПАДРИОН -„Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација како заедница од областа АДРИОН“. На средбата присуствуваа претставници од јавниот, приватниот, академскиот сектор, локалната и централната власт, односно сите чинители кои учествуваат, минуваат низ процесите, влијаат, се соочуваат, ги спроведуваат, евалуираат и користат алатките во процесот на дигитална трансформација. Првата средба, помина во претставување на проектните активности и запознавање на претставниците. Во дневниот ред беа опфатени, прегледот на досегашната дигитална трансформација во нашата земја, спроведувањето на стратешките документи и дефинирањето на клучните потреби за реформи во сферата на дигитализацијата. Присутните членови, отворија клучни прашања, дадоа конструктивни одговори и ги преиспитаа термините и формулациите со цел правилно трасирање на проектните активности. Дискусијата беше плодна, исцрпна и заврши со заклучоци кои упатуваат на состојба, препознаена како дигитална транзиција која со проектот ПАДРИОН има можност, синхронизирано да зачекори во дигиталната трансформација со земјите од Јадранско-Јонскиот регион, прилагодена на локалниот контекст, премостувајќи нееднаквости и креирајќи можности за сите. Центарот за развој на Скопски плански регион, како еден од проектните партнери од 7-те земји од Јадранско-Јонскиот регион изразува благодарност за активното учество на сите членови, во дискусијата која беше во насока на степенот на дигитална зрелост и динамиката, овде и во светот, процесите во комплетирањето нa квалитетен интегриран систем, дигиталната пристапност со фокус на жените од претприемаштвото и влијанијата на дигитализацијата во пристапноста и степенот на искористливост на ЕУ фондовите.
No comment yet, add your voice below!