Skip to content

ВО РАБОТНАТА ГРУПА НА „ПАДРИОН“ ВЛЕГУВА И АКАДЕМСКИОТ СЕКТОР СО ПАРТНЕРСТВО ОД ФИНКИ

Проширувањето на работната група, со цел постигнување на инклузивност на клучните чинители од приватниот и државниот сектор за подбро и посеопфатно спроведување на проектот „ПАДРИОН“ продолжи со вклучување на уште еден значаен партнер – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Станува збор за заначајно партнерство со најсоодветниот претставник на академскиот сектор, кој може да одговори и придонесе во предизвиците со кои се соочува новата дигитална ера, преку учество, информации и квалитетни насоки при имплеменатацијата на проектот ПАДРИОН кој во основа значи „Соочување на јавната администрација со процесот на дигитална трансформација какозаедница од областа АДРИОН“. Вмрежувањето на проектниот менаџмент од страна на  македонскиот партнер – Центарот за развој на Скопски плански регион како еден од 8-те партнери во тригодишната имплементација на ПАДРИОН во Јонско –Јадранскиот регион, со Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Боро Јакимовски, ја втемелува структурата на работната група, чии диверзитет значи ефикасно, но со овој чекор и научно-студиозно спроведувањe на зададените активности.  По процестот на финализирање на работната група, истата во полн состав ќе отпочне со динамична и транспарентна работа.  

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy