Skip to content

Промоција на кампањата “Позитивна промена“

ДАТУМ

February 14, 2025

Категории

,

Со поздравно обраќање, директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска ги поздрави присутните претставници од единиците на локалната самоуправа на скопскиот регион. Центарот за развој на Скопски плански регион ја организираше оваа средба со цел да ве запознае со кампањата “Позитивна промена“ која ја реализира Министерството за животна средина и просторно планирање, додаде Арсовска. Кампањата е наменета за подигнување на јавната свест кај сите граѓани за правилно управување со отпадот, односно има за цел да им помогне на граѓаните да ја разберат својата одговорност за отпадот и да создадат навики за подобро управување со истиот. Сите знаеме дека управувањето со отпад е долгоодишен проблем во Скопскиот плански регион, но исто така знаеме и дека успешен и оддржлив систем за управување се базира на принципот на колективната акција. Со поттикнување на соработка и ангажман меѓу жителите, локалните власти, бизнисите, невладиниот сектор, локалните заедниците можат да се развијат системи за управување со отпад кои ќе бидат еколошки и економски исплатливи. Затоа, едуцирањето и свеста играат клучна улога за имплементирање на  одржливи практики за управување со отпад. Со подигање на свеста за влијанијата на отпадот врз животната средина и важноста на намалувањето и рециклирањето на отпадот, локалните самоуправи можат да поттикнат култура на одржливост и да инспирираат промени во однесувањето кај жителите. Г-ѓа Ана Мазневска Каранфилова, раководител на секторот за отпад при министертсвото пак информираше дека кампањата е финасирана од средствата кои се одвоени од надоместокот кој се уплаќа од страна на трговците за граѓаните кои купуваат пластични кеси, во вредност од 13.450.000,00 денари. Другиот дел од собраните средства по овој основ е инвестиран во  набавка на садови за собирање на отпад за општините во целата држава. На тој начин, средствата собрани од граѓание се враќаат на граѓаните. Оваа кампања ќе трае 6 месеци, и вклучува  2 едукативни видеа со пораки, 3 кратки промотивни спота и 8 ТВ емисии со соговорници од областа. Во рамки на кампањата ќе се спроведат вкупно осум јавни презентации на кампањата по една во секој плански регион и освен во Општина Чаир истите ќе продолжат и во општините: Куманово. Тетово, Битола, Струга, Струмица, Кавадарци и Штип. Исто така  ќе се реализираат и осум едукативни настани „Јас сум новиот еко-херој“ во во по едно училиште во секој плански регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

I accept the Privacy Policy