Овогодинешната три-дневна Конференција за отчетност на центрите за развој на осумте плански региони во Р.С.Македонија се одржува во Гевгелија, а домаќин е Југоисточниот регион. Конференцијата ја отвори министерот за Локална Самоуправа Г-дин Златко Перински, за аудиториумот кој опфати високи претставници од Швајцарската агенција за развој, Амбасадата на Швајцарија, Бирото за регионален развој и Градоначалници од општините на сите региони.
На првиот ден центрите на планските региони ја презентираа својата работа преку претставување на завршените проекти, тековните активности и идните планови за равој.
Вториот ден беше посветен на темата која се однесува на идентификација и координација на донорските фондови во рамки на Работилницата „Fundraising“, или наоѓање на средства за финансирање на проекти. Завршницата на Конференцијата е посветена на Презентација на активностите за поддршка на рамномерниот регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во 2025г. Како и досегашните, и оваа конференција, ги сплоти надлежните институции, центрите за развој и останатите чинители преку вмрежување, тим билдинг, размена на искуства, регионални вкусови, брендови и најважно во една заедничка мисија за балансиран развој во насока на подобрување на квалитот на граѓаните од регионално до национално ниво.
No comment yet, add your voice below!