Денеска во општината Петровец, се одржа XX (дваесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион, на која едногласно беше избран новиот претстедател на Совет, Градоначалникот на Општина Зелениково, Г-дин Коста Маневски. На седницата, согласно Дневниот ред беа изгласани и точките кои се однесуваа на Предлог- Одлуката за одобрување на Комуникациска стратегија на Центар за развој на Скопски плански регион, Предлог – Одлуката за менаџирање на ЦРСПР за реализација и имплементација на проекти за општините, како и Предлог – Одлуката за утврдување на годишната листа на предлог проекти за развој на Скопски пласнки регион за 2024/2025 година. Седницата заврши со честитки на новоизбраниот претседател на Совет, на местото на досегашниот претседател, Градоначалникот на Општина Петровец, Г-дин Борче Митевски кој зад својот мандат остави динамична и продуктивна година, полна со активности кои позитивно се одразија на Скопскиот регион.
Центарот за развој на Скопски плански регион, им честита и на двајцата претседатели, на претходниот за успешното предводење на советот, а на новиот за идните развојни предизвици.
No comment yet, add your voice below!