Денес во просториите на Општина Гази Баба, Центарот за развој на Скопски плански регион организираше работен состанок на тема презентација на „ Физибилити Студијата за Центар за собирање на отпад за општините Центар и Гази Баба ” инаку, физибилити студијата е дел од проектот „ИЗРАБОТКА НА ТЕХНИЧКИ ДОКУМЕНТАЦИЈА И ФИЗИБИЛИТИ СТУДИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ЦЕНТАР ЗА СОБИРАЊЕ НА ОТПАД И КОМПОСТАРА”, Активност спроведена од Програмата за развој на Обединетите нации UNDPMK во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти” во соработка со Министерство за локална самоуправа, финансиран од Шведска Embassy of Sweden in Skopje, Бирото за регионален развој (#BMCPI #ЛокаленРазвој #LocalDevlopment #ФТД #UNDPMK) и кофинансиран од трите општини партнери на проектот Илинден, Гази Баба и Центар. Проектната идеја за собирен центар во Скопскиот плански регион произлезе од претставниците на Центарот за развој на Скопски плански регион и на општините Гази Баба, Центар и Илинден, кои учествуваа на студиската посета во областа Капанори Италија која беше финансирана од ЕУ ТАЕКС Програмата за управување со отпад и развој на локална циркуларна економија, имплементиран од Центарот за развој на Скопски плански регион. Работната верзија на физибилити студијата беше детално презентирана од страна на директорката на економскиот оператор ГЕОМАП ДИЗАЈН ДООЕЛ Скопје, Г-ѓа д-р Фросина Илиевска. Со започнување на воспоставување на вакви нови и иновативни модели на управување со отпад во Скопскиот плански регион веруваме дека ќе се зајакнат административните капацитети на локалните власти во управувањето со отпад и со примена на циркуларната економија ќе се поддржи развојот на локалната економија.
No comment yet, add your voice below!