Денес во просториите на „Културен Дом” во Општина Илинден, Центарот за развој на Скопски плански регион организираше работен состанок на тема презентација на „Физбилити студија за систем за управување со органски отпад со компостара„ проект финансиран од UNDP и кофинансиран од трите општини партнери на проектот Илинден, Гази Баба и Центар. Работната верзија на физибилити студијата беше детално презентирана од страна на директорката на економскиот оператор ГЕОМАП ДИЗАЈН ДООЕЛ Скопје, Г-ѓа д-р Фросина Илиевска и беше оценета како успешна верзија од која ќе произлезе прифатливо идејно решение за општините Илинден и Гази Баба, за изработка на целосен проект / техничка документација за изградба на Компостара за управување со био отпад.
No comment yet, add your voice below!