Целта на работилницата е да ги советува претставниците на општините за стратешкиот пристап кон дигитализираните општински услуги во насока како да го планираат нивниот развој и имплементација преку примерите и предизвиците со кои се соочиле Хрватска и Словенија при процесите на дигиталната трансформација, во пристапот на ралични нивоа на управување за е-владеење, е-услуги на локално ниво, отворени податоци и транспарентност.
На работилницата гостуваа експертите: Г-дин Петер Гершиќ, Раководител на Канцеларијата за развој, Ново Место, Словенија, Г-дин Зоран Цетинјанин, Одделение за ИКТ на Град Карловац и Александар Томулич, Одделение за ИКТ на Град Риека, Хрватска, кои споделија многу корисни, иновативни модели за адаптација во нашата земја, во рамки на темите: локални „дигитални близнаци”, планирање на системи базирани на „облак” (cloud), дигитална трансформација и отворени информативни пристапи за интер-операбилност на јавните податоци.
Работилницата со воведен збор ја отвори вд. директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион, Г-ѓа Розета Арсовска на која со интродукција во актуелнata имплементацијата на политиките и стратегиите за дигитализација се надоврза Г-ѓа Елизабета Буова, Раководител на Центарот за обука на МЕП – ТАИЕКС Национален Координатор.
Работилницата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден со цел споделените теми, практики и модели успешно да се дисеминираат, прилагодат и применат во процесите на македонската дигитална трансформација.
No comment yet, add your voice below!