Skip to content

Успешна завршница на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”, со првиот прекуграничен Саем за вработување „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” во Лесковац, Србија, во партнерство со Центарот за развој на Скопски плански регион

ДАТУМ

август 29, 2024

Категории

Празнично и во одлична атмосвера на 27 и 28 август, Во Лесковац, Србија, во рамки на проектот „ШАНСА ЗА ТЕБЕ”, се одржа  првиот прекуграничен Саем на Вработување наречен “ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” како завршница и „круна” на самиот проект.

Овој пионер меѓу саемите од ваков тип, го сврте вниманието на јавноста како одлична можност за подобрување на прекуграничната мобилност и вработливост без бариери и со многу олеснувања согласно на можностите што ги нуди зоната на „Отворен Балкан”.

Дводневниот саем беше конципиран, на Конференција во која сите вклучени страни ги претставија резултатите од проектот и капацитетите на ИПА 2 програмата, преку поздравен говор од страна на Програмскиот менаџер на Европската делегација, Г-дин Константинос Соупилас, Претседателот на Општината Власотинце Г-дин Братислав Петровиќ, Директорката на Центарот за развој на Јабланичко Пчињски округ Г-ѓа Драгана Белензада, Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион Г-дин Борче Митевски, Државниот советник за ИПА фондови при Министерството за локална самоуправа Г-дин Стефан Вангелски и претсавниците на проектниот тим, од Центарот за Управување на знаење како водечки партнер во проектот, Г-ѓа Андријана Богдановска, директор и Г-дин Бранко Ѓуровиќ технички директор, Координаторот за регионален развој од Центарот за развој на Скоски плански регион Г-ѓа Регина Икономовска, Финансискиот администратор Г-дин Горан Миленковиќ и Координаторот за регионални проекти Г-ѓа Добрила Судимац Мартинковиќ од Центарот за развој на Јабланичко-пчињскиот округ и Координатороот за прекугранична меѓуопштинска соработка Г-дин Маринко Ѓорѓевиќ, од општината Власотинце, партнери од македонската и српската страна во проектот.

На вториот ден од настанот беше одржан Саемот „ДЕНОВИ НА ШАНСА ЗА ТЕБЕ” на кој по прв пат „лице в лице” се сретнаа, барателите на работа со менаџерите и сопствениците на компаниите од прекуграничниот регион за да ги претстават своите потреби и да ја искористат можноста за вработување на соодветен кадар. Саемот на кој се претставија повеќе етаблирани компании помина во одлична атмосвера, во која посетителите имаа можност да ја искористат својата шанса за вработување, склучување партнерства и вмрежувања. На овој настан, добитници беа сите, но најмногу оние на кои им е најпотребен ваков континуиран настан, невработените. На саемот, како претставници од локалните заедници од македонската страна, присуствуваа градоначалниците на општините Ѓорче Петров, Сопиште, Зелениково, Петровец и Илинден кои ја изразија својата поддршка и отвореност за соработка со братските општини од Србија во претстојните проекти од областа на прекуграничниот развој.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy