Во контекст на вистинската вредност на атрибутот „Колевка на културно-цивилизациското наслество“ и нејзиното сочувување, ревитализација, одржливост и промоција, денес отпочнува со реализација проектот „Подобрување на туристичка сигнализација и инфраструктура преку поставување туристичка сигнализација и партерно уредување со улично осветлување на археолошки локалитет Градиште,с.Таор-Tauresium“.
Носител на овој значаен проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, ко-финансиер и корисник Општината Зелиниково, а финансиската поддршка е обезбедена од владата, односно матичното Министерство за локана Самоуправа/Биро за регионален развој.
Конечно, оваа иницијатива да се облагороди, сочува и достоинствено презентира родното место на Светиот Цар Јустинијан I, за Македонија значи многу повеќе од одржлив и атрактивен туризам, бидејќи станува збор за светска културна, религиска и цивилизациска вредност, корен на една владетелска династија, која инсвестирала во нашата денешна иднина преку градителството, верата и законодавството.
Нашиот заеднички предизвик со овој проект, е врз основите на овој сегмент од регистарот од културното наследство, да го продолжиме сонот на предците проектирајќи ја иднината со квалитетни развојни проекти, на кои сите ќе се гордееме.
Во духот на секој почеток, СРЕЌНО !
No comment yet, add your voice below!