Skip to content

Промовиран новиот Дневен Центар за лица со телесна и интелектуална попреченост

ДАТУМ

октомври 20, 2023

Категории

 Денеска директорот на Центарот за развој на Скопски Плански регион г-дин Јане Мицевски, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски,го промовираа новиот Дневен Центар за лица со интелектуална и телесна попреченост, кој отсега е „новата стреа“ која ќе овозможи едукативна, здравствена, социјална и семејна атмосфера, преку обезбедување на услови и програма за заеднички активности на корисниците, како и прилагодени индивидуални програми. Проектот согласно на развојната програма и регионалниот карактер, ќе обезбеди поголема социјална кохезија меѓу општините, ќе го стимулира развојот на човечкиот капитал кој одговара на потребите на пазарот на трудот и ќе ја подобри здравствената и социјалната заштита како и условите за престој во образовните институции за лицата со посебни потреби. 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy