Центарот за развој на Скопски плански регион, започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата за Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) – Мнистерство за локална самоуправа(МЛС). Регионалните форуми финансиски се поддржани од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој и Министерство за локална самоуправа.
Целта на регионалните форуми е да понудат предлог проекти со иновативни и ефикасни решенија за детектираните проблеми од најприоритетните области кои го засегаат Скопскиот плански регион.
На Првата форумска сесија ќе се генерират идеи и предложат решенија-предлог проекти за избраните области, од кои во понатамошните форуми ќе се одберат најдобрите предлог-проекти кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од БРР/МЛС.
Првата Форумската сесија ќе се оддржи на 10 ноември 2022 г. (четврток), со почеток во 10:00 часот, во просториите на Стопанска комора на Северна Македонија.
No comment yet, add your voice below!