Центарот за развој на Скопски плански регион денеска отпочна со реализација на инфраструктурен проект “Мапирање на рекреативна велосипедска патека и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација – с. Кучково, општина Ѓорче Петров”. Со реализаија на овој проект ќе се создаде нова димензија и намена на постоечкото излетничко место со нови услуги за нови корисници како од општината Ѓорче Петров, Градот Скопје и пошироко. Проектот е финансиски поддржан од Влада на Република Северна Македонија (Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој) согласно програмата за развој на Скопски плански регион за 2021 година, со индикативно планирани средства за 2022 година со вредност за изведба на проект 4.698.996,00 денари.
Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери се општините Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Карпош.
No comment yet, add your voice below!