Денес во просториите на EU House, организиравме завршен настан за успешната реализација на проектот “Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење “-ЕРAЗМУС+ КА102 во рамките на програмата -Мобилност за учење и индивидуи, спроведувана преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот се реализираше со партнер училиштата: АСУЦ Боро Петрушевски, СУГС Браќа Миладиновци и СГГУГ Здравко Цветковски од Скопје. Во областа на претприемништвото и иновациите, се обединија три различни струки: машинска струка, градежно- техничка и земјоделско- ветеринарна струка. Во рамките на програмата на настанот беше направена презентација на целите од проектот,спроведените активности и заклучоците од спроведеното истражување. Дополнително,беше промовиран и Прирачникот, насловен по називот на проектот “Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење ” од авторите Викторија Митрикеска и Сирма Илијоска Трифуноска.
На крајот на настанот Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски, додели благодарници за учество на училиштата партнери во проектот.
Проектот беше одлично оценет од вклучените ученици во мобилноста како и од менторите професори.
Бизнис центарот при Центарот за развој на Скопски плански регион ќе продолжи да создава подобар еко систем за претприемачите во регионот преку нови партнерства и соработки со цел подобрување на регионалниот развој и зајакнување на човечките капацитети.
No comment yet, add your voice below!