Тој даде осврт за клучните активности во изминатиот период, претставувајќи ги интернационалните соработки, европските проекти, нивниот континуитет и вмрежувањето во квалитетни партнерствата . Акцентот во разговорот беше ставен на домашните проекти со општините кои ќе се реазлизираат годинава, за кои даде релевантни одговори по однос на буџетот, финансирањето и предизвиците со кои се справува. На крајот, ја доближи визијата на центарот како и својат личен аспект, препорачувајќи посебна развојна програма и стабилна инфраструктурна мрежа меѓу градот и периферните општини, со цел дисперзија и баланс на населението во растеретена градска средина и пристапна и атрактивна рурална средина, во која може да се живее, здраво, удобно и квалитетно.
No comment yet, add your voice below!