Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на програмата за рамномерен регионален развој (2021-2022) на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој обезбеди 30.567.000,00 денари за спроведување на проекти во 6 општини од Скопскиот регион и тоа:
- Изработка на проектна документација за кејско уредување на брегот на Маркова река, како и уредување на коритото на реката во должина од 10 км. во Општина Кисела Вода
- Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во Основните училишта во Општина Аеродром, Општина Карпош и Општина Кисела Вода
- Отворање на Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта на Општина Центар, Општина Кисела Вода и Општина Карпош, во Општина Центар
- Изградба на Дневен центар за лица со интелектуалнаи телесна попреченост, Општина Гази Баба
- Мапирање на рекреативна велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација-с.Кучково, Општина Ѓорче Петров
- Рехабилитација на дел од улица “Александар Урдаревски” во КО Горно и Долно Оризари, во Општина Шуто Оризари.
Реализацијата на проектите ќе се одвива во текот на 2022 година.
No comment yet, add your voice below!