Центарот за развој на Скопски планбски регион свечано одржа Конститутивна Седница на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион.
Присуство земаа градоначалниците членови на Совет за развој на Скопски плански регион, министерот на локлана самоуправа Г-дин Горан Милевски, претставници од проектната канцеларија за Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој кофинансиран од страна на Влада на Швајцарска Конфедерација и Министерство за локална самоуправа и Директорот на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Г-ѓа Наташа Станојевиќ.
Присутните имаа можност да проследат куса презентација во врска со проектот.
Седницата се одвиваше по предлог точките од дневниот ред и едногласно од страна на присутните градоначалници беше избран градоначалникот на општина Илинден, Г-дин Александар Георгиевски за Претседател на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион.
Честитки за новиот Претседател на Совет за социјална заштита на Скопски плански регион г-дин Георгиевски, со надеж за добра и успешна соработка во периодот кој ни претстои.
No comment yet, add your voice below!