Институција која огласува: Младински Ресурсен Центар iCan во соработка со Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во рамки на проектот – Креирање можности за работа за сите – Главна фаза, финансиран преку Програмата на Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ).
Рок на пријавување: тековно, до искористување на постоечките средства
Јавниот повик се објавува во рамки на проектот и во координација со Агенцијата за вработување на Републица Северна Македонија за имплементирање на мерката 5. Практикантство од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија.
ЈАВЕН ПОВИК
до заинтересирани работодавачи за вклучување во мерката Практикантство
Се повикуваат работодавачите кои се заинтересирани за вклучување во мерката Практикантство, да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество. Мерката се однесува на ангажирање практиканти за обука, изведување работни задачи и стекнување искуство во период од 3 (три) месеци. Истата има за цел стекнување искуство и остручување на работно место како резултат на учење низ работа. Работодавачот е должен да назначи за кое работно место односно за каков вид работа го пријавува практикантот.
Право на учество имаат работодавачи кои:
- се од приватен и од граѓански сектор;
- кои имаат најмалку едно вработено лице на неопределено време, најмалку 6 месеци пред аплицирањето, со исклучок на граѓанските организации и работодавачите кои ќе ангажираат жени од ромската етничка заедница како практиканти;
- ги имаат подмирено сите обврски врз основа на исплатени плати и придонеси од задолжително социјално осигурување.
Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на расположливите средства, водејќи сметка за принципот на рамномерна распределеност од сите плански региони на Република Северна Македонија.
Практикантите се избираат од евиденцијата на невработени лица, активни баратели на работа во соработка со Агенцијата за вработување, на возраст до 34 години со минимум завршено средно образование и кои немаат работно искуство согласно образованието. Доколку работодавачот има на располагање вакво лице/а, истиот е слободен самиот да го одбере. Во спротивно агенцијата ќе посредува со пребарување од евиденцијата на невработени лица за да одговори на искажаните потреби на работодавачот.
За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во мерката Практикантство, се предвидува финансиска поддршка во износ од 9.000,00 денари месечно (со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест и данок на личен доход), за периодот за кој се извршува практичната обука. Надоместокот ќе се префрли на сметката на практикантот по истекување на тековниот месец од периодот на договорот, намалена за сметка на законски потребните одбитоци.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор со работодавачите и со невработените лица – практиканти. Еден од условите кои работодавачот мора да ги исполни е и назначување на соодветен ментор за лицето практикант, како и поднесување на план за работа на практикантот, кои ќе се достават дополнително по одобрувањето на пријавата за практикантство.
Заинтересираните работодавачи својот интерес за учество можат да го пријават тука.
Младинскиот Ресурсен Центар iCan и центрите за вработување на АВРСМ го задржуваат правото за проверка на соодветните докази за присутност на практикантот на работното место во текот на практикантската работа.
Детални информации можат да се добијат на контакт телефон: 076 884 000, достапен секој работен ден од 8 до 16 часот.
Повеќе детали на следниот линк: https://www.mk.undp.org/content/north-macedonia/en/home/presscenter/pressreleases/javen-povik-rabotodavci-praktikanstvo.html
No comment yet, add your voice below!