Центарот за развој на Скопски плански регион предводен од страна на директорот Г-дин Љупчо Кец Мицковски, денес беше дел од спроведување на онлајн фокус групата во организација на Агенцијата за истажување на јавното мислење М-Проспект, ангажирана од страна на Еко-свест кој во соработка со МАНУ спроведува проект финансиран од “The Nature Conservancy (TNC)”, на тема: „Oбновливи извори на енергија“.
Целта на проектот е добивање на подобра слика за можностите на нашата држава за искористување на потенцијалните извори на обновлива енергија, без притоа истото да ја наруши животната средина, односно да се најдат решенија за искористување на потенцијалните извори на обновлива енергија со мал импакт врз животната средина.
No comment yet, add your voice below!