Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски присуствуваше на денешната средба во Министрерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде беа потпишани договори со планските региони по Програмата за Капитални субвенции.
Согласно овој догоговор Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Општина Ѓорче Петров во текот на 2021 година ќе го реализира проектот: ‘’Тампонирање на пристапен пат до обработливи површини помеѓу с.Орман и с.Никиштани, Општина Ѓорче Петров, со должина од 2.000 метри’’.
Вкупната висина на одобрени средства од страна на Министрерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изнесува 1.858.500 денари.
No comment yet, add your voice below!