Skip to content

Презентација на резултати од вториот циклус на регионални форуми во заедницата – социјална инклузија

ДАТУМ

декември 28, 2020

Категории

На 28.12.2020 , Центарот за развој на Скопски плански регион , ја одржа последната 4-та форумска сесија на која претставниците на општините, невладините и граѓански асоцијаци и здруженија учествуваа на презентацијата и дискусијата за резултатите од спроведување на втор циклус Регионални Форуми, чиј фокус беше „Социјална инклузија“.

Спроведувањето на Регионалните форуми овозможи партиципативно  учество на граѓаните во одредување на приоритети во Скопскиот плански регион, како и создавање на платформа за структуирани дискусии и предлози. Истите допринесоа и до унапредување на капацитетите и создавање на локални и регионални партнерства, а сѐ со цел за подобрување на животот на луѓето во заедницата.

На сесијата модераторот, Жаклина Цветковска, ги презентираше активностите кои беа превземени за време на форумскиот процес, целите на програмата „Регионалните форуми во заедницата“, како и резултатите од идентификацијата и изборот на предлог проектите кои произлегоа од форумскиот процес.

г-ѓа Розета Арсовска, Координаторот на проектот, при Центарот за развој на Скопски плански регион (ЦРСПР), ги информираше учесниците за напорите кои ги прави Центрот на СПР за обезбедување на можности преку други донатори и/ или програми да се овозможи реализација на  избраните проекти, бидејќи ниту еден предлог-проект не доби поддршка за рализација во рамките на проектот “Регионални форуми на заедницата“.

Како пример, г-от Брнимир Јовановски, претставник на Национален Совет на лица со телесен инвалидитет, посочи дека со помош на ЦРСПР нивниот предлог-проект „Реконструкција на одмаралиште за лица со попреченост во Охрид “  аплицираше преку Центарот за развој на Југозападен регион, а г-ѓа Катерина Киева, претставник од општината Гази Баба извести дека нивниот предлог-проект „Изградба на дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост во Скопски плански регион“ – аплицираше преку Центарот за развој на Скопски плански регион, за финансиски средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој (МЛС/БРР).

Регионалните форуми во заедницата се спроведуваат со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот„Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017-2020“.

Галерија

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy