Центарот за развој на Скопски плански регион успешно го имплементира проектот “Воспоставување на систем за управување со отпад од пакување,батерии и електронски отпад” на Скопскиот плански регион,во соработка со Гоу Грин,а које е финасиран од Министерство за животна средина и просторно планирање. Целта на проектот придонесе за развивање на јавната свест за негативните последици и влијанија врз животната средина поради неправилно постапување (слектирање) со отпадот во трите општини.
Проектот се имплементираше во три општини, и тоа, општина Арачиново, Општина Студеничани и Општина Зелениково а со цел :
- Развивање на јавната свест за негативните последици и влијанија врз животната средина поради неправилно постапување (слектирање) со отпадот
- Воспоставување на систем за управување со отпад
- Воспостаување на институционална соработка во насока на колективно постапување со отпадот
Отпадот е еден од главните еколошки проблеми во многу европски земји, па и во Република Македонија. Земајќи го во предвид фактот дека количините на отпад постојано се зголемуваат, неопходноста од едукација на населението, а посебно едукација од најмала возраст, за негово селектирање и рециклирање, како и востпоставување на системи за управувањее со отпадот, е од витална важност за заштита на животната средина, намалувањето на загадувањето како и заштита на здравјето на граѓаните.
Најголем дел од отпадот во Република Македонија се депонира на легалните но и на илегалните-таканаречени диви депонии. Правилното управување и рециклирањето на отпадот помага во намалување на количините на отпад во легалните депонии и потполно искоренување на дивите депонии во Скопскиот регион, што последователно би донело до намалување на загадувањето на почвата и воздухот во градот.
Правилнот управување со отпадот допринесува до зачувување на природните ресурси, заштедува енергија и ги намалува емисиите на стакленичките гасови кои придонесуваат за глобални климатски промени со што ќе овозможиме зачувување на здрава и зелена околина за идните генерации.
Отпадот претставува голем проблем за многу локални самоуправи. Со правилна стратегија и имплементација, какао и со постојана обука и подигање на свеста на граѓаните за значењето на рециклирањето и управувањето со отпад може овозможат понатамошен раст и развој на локалната заедница и ќе допринесе за подобри услови на живот на населението во тие општини.
Во таа насока, организирање на едукативна кампања за правилна селекција на електронскиот отпад и постапување со истиот како и воспоставување на систем за управување на батериите во корпа за рециклирање, на територијата на трите општини , се превзема правилен чекор во унапредување на едукацијата на децата и подигање на свеста на населението во заштитата на животната средина.
Позитивните резултати од овој проект, претставуваат потик едукацијата на децата за значењето за правилна селекиција и рециклирање да се имплементира и во сите останати општини во скопскиот плански регион.
[foogallery id=”3504″]
На училиштата кои учествуваа во овој проект им честитаме за постигнатите резултати и се надевам дека наученото ќе го пренаесат и на останатите ученици и наставници во нивните училишта.
No comment yet, add your voice below!