Skip to content

Оглас за избор на Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион – 1 извршител за период од 4 години

ДАТУМ

ноември 14, 2018

Категории

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (Пречистен текст ''Сл. Весник на РМ'' бр.145/2014, бр.74/2015), член 25 став 1 и 2 од Закон за рамномерен регионален развој  (Сл. Весник на РМ бр. 63/07,215/15),а согласно Oдлуката бр.02-104/4од 05.11.2018 год Советот за развој на Скопски плански регион објавува:

ОГЛАС

За избор на Раководител на Центарот за развој на Скопски плански регион – 1 извршител за период од 4 години

Покрај општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

  • VII / 1 степен или со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС – Факултет од областа на општествени или природни науки
  • Минимум 5 (пет) години работно искуство во областа на локална самоуправа, државната администрација или работа на меѓународни проекти
  • Минимум 3 (три) година работно искуство на раководната позиција и докажани организациски и менаџерски спосбности
  • Познавања на политиката за рамномерен регионалниот развој и системот на локалната самоуправа
  • Познавање на позитивните законски прописи, подзаконските акти и Владините регулативи релевантни за планирање, имплементација и евалуација на Програми за поддршка на регионален развој.
  • Искуство во подготовка, раководење и имплементација на проекти
  • Способност за тимска работа
  • Посветеност на работа и подготвеност за работа под притисок
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери (Microsoft Office, Microsoft Excel, Power Point и Outlook)

Потребни документи за аплицирање:

  • Доказ за завршен соодветен вид на високо образование
  • Биографија (CV)
  • Мотивациско писмо
  • Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство

Огласот е отворен 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето.

Работодавачот ќе изврши избор во рок од 15 работни дена по истекот на рокот за пријавување.
Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:30 до 16:30; Работни денови: од понеделник до петок
Контакт лице: Ванчо Ќулумоски; Контакт тел: 02/3244- 033

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до: Центар за развој на Скопски плански регион – Скопје, ул.Димитрије Чуповски бр.13, Стопанска комора 1 кат – Скопје.

Ненавремено доставените и некомплетни документи нема да се разгледуваат.

Совет за развој на Скопски плански регион

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy