Во организација на Центарот за развој на Скопски плански регион и Министерството за финансии, денес (02.11.2018) во бизнис салата на Стопанска комора на Македоија, се одржа информативен насатан на тема: Вториот Јавен повик МСИП 02/2018, проект за подобрување на општинските услуги предвидени во компонентата А – Општински инвестиции во износ од 8 милиони евра, каде беа претставени можностите за финансирање на проектите.
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка во форма на под-заеми на единиците на локалната самоуправа наменета за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги и основната инфраструктура како што се водовод и канализација, патна инфраструктура (вклучувајќи изградба и рехабилитација) и други инвестиции кои имаат потенцијал за генерирање приходи, односно остварување заштеди во комуналните услуги или во други области кои се од висок приоритет за општините–учеснички.
По завршување на презентацијата се разви кратка дискусија која покажа голем интерес од страна на општините.
На настанот присуствуваа претставници од Министерството за финансии и претставници на општините од Скопскиот регион.
[foogallery id=”3603″]
No comment yet, add your voice below!