Skip to content

Започнаа градежни активности за рекoнструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ – Фаза 3

ДАТУМ

септември 27, 2018

Категории

Во тек е реализација на проектот ‘’Реконструкција на дел од пристапен пат до рекреативен центар ‘’Теферич’’ – Фаза 3. Средствата се обезбедени од страна на Биро за регионален развој (БРР)/Министерство за локална самоуправа (МЛС) согласно програмата за регионален развој за 2018 година, и Општина Кисела Вода. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери се општините: Кисела Вода, Сопиште, Град Скопје.
Средствата за реализација на овој проект се во висина од 5.658.926,00 ден.
На овој потег патот ќе се прошири, ќе се поставен нов асфалт, ќе се изработат тротоари  кои ќе бидат поплочени со бехатон плочи во должина од 700м. Со реализација на третата фаза целата делница во должина од 1.700м ќе биде рекоструирана во целост од страна на Центарот за развој на Скопски плански регион.Овој пат е од голема важност за општините Кисела вода и Сопиште, бидејќи им овозможува на жителите на овие општини подобра врска со централнот градско подрачје, а исто  така и за останатите жители од Скопскиот регион, на кои со подобрената инфраструктура, ќе им се овозможи уште едно место за излет и рекреација.
Во изминатите две години од страна на Центарот за развој на Скопски плански регион како носители на проектот “Реконструкцијата на пристапниот пат кон рекреативниот центар Теферич “ преку Министерство за локална самоуправа (МЛС) однсно Бирото за регионален развој (БРР) беа реализирани две фази од проектот со вкупна должина од 1000 м, и  вкупа вредност од 11.000.000,00 денари.
Изведувач на работите на патот е Друштво за  Градежништво, Транспорт, Трговија и  Услуги   ЈУ-БАЈ 2 АМЕД ДООЕЛ СКОПЈЕ.
[foogallery id=”3627″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy