Skip to content

Работилница за разгледување на Акциониот план за развој за 2016 година и дополнување на истиот со нови предлог проекти за 2017 година

ДАТУМ

октомври 13, 2016

Категории

На ден 13.10.2016 година Центарот за развој на Скопскиот плански регион во соработка со ГИЗ ЛЕИВ (Германско друштво за меѓународна соработка), одржа работилница за разгледување на Акциониот план за развој за 2016 година и дополнување на истиот со нови предлог проекти за 2017 година. На средбата беа поканети претставници од седумнаесетте општини и Градот Скопје во рамките на Скопскиот плански регион и претставници од бизнис заедницата и здруженијата на работодавачи. 

Се дискутираше за секој проект поединчно. Дел од проектите се во целост завршени или ќе бидат завршени во тековната година, додека дел согласно обемот на техничките документации, им следува изведба во наредни фази, или ќе бидат префрлени за реализација во наредните години. Согласно проектите , се дискутираше за надлежностите кои треба да ги имаат општините. Тука се наметна прашањето за опсегот на проектите, каде согласно новите правила проект од регионално значење, претставува проект кој вклучува 3 општини.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy