На ден 15.09.2015 година (вторник) во организација на Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа се одржаа обуки на вработените во надлежните служби во општините од Скопскиот плански регион на тема имплементација на Законот за градежно земјиште и Законот за просторно и урбанистичко планирање.
Претставници од Министерството за транспорт и врски преку стручни презентации на присутните вработени од ЕЛС, детално им ги образложија новите законски измени и решенија и воведувањето на софтверските системи со кои треба да се постиге поквалитена испорака на локалните услуги, а кои се во интерес на граѓаните и правните субјекти.
Обуката се реализира по барање на општините со цел навремено и точно информирање за донесените законски решенија и нивна понатамошна примена во практичната работа на локaлните самоуправи.
Особено значајна е промоцијата на електронските алатки во примена на самите законски решенија, конкретно воведување на услугата “е-урбанизам” која согласно новиот Законот за просторно и урбанистичко планирање, секоја изработка и донесување на наведена планска документација ќе се спроведува во електронска форма. Од аспект на Законот за градежно земјиште се презентираше постапката која се однесува на отуѓување и давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на јавно наддавање.
Настанот кој се спроведува од страна на Центaрот за развој на Cкопскиот плански регион е финансиран од Министерството за локална самоуправа и УНДП, а го отворија Државниот секретар на Министерството за транспорт и врски, Божидар Петроски, Државниот секретар на Министерството за локална самоуправа, Билјана Цветановска Гугоска и Претседателот на Скопскиот плански регион, Сокол Митревски.
На обуките присуствуваа претставници од ЕЛС од Скопскиот плански регион и Градот Скопје, како и вработени во секторите за урбанизам, комунални работи и од општинските градежни инспекции.
Министерството за локална самоуправа и Министерството за транспорт и врски, во соработка со Центрите за развој на планските региони и во наредниот период ќе продолжат со спроведување на специјализирани обуки од овој тип со цел да одговорат на потребите и на останатите општини во Република Македонија.
[foogallery id=”5143″]
No comment yet, add your voice below!