Со цел подобрување на квалитетот на стратешкото планирање на локално ниво и воедно огромното значење на унифицирањето на овој процес, Владата на Република Македонија ги задолжи Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за локална самоуправа на Р.М. во координација со ЗЕЛС да подготват насоки за унифициран пристап при подготвувањето на стратешките планови во единиците на локалната самоуправа. По наведениот заклучок е постапено, при што изработени се насоките и сега потребно е Министерството за локална самоуправа заедно со Центрите за развој на планските региони да организираат осум обуки (по една во секој Центар за развој на плански регион).
Предвидено е на обуката учество да земат претставници од општините и Градот Скопје кои се вработени во секторите или одделенијата одговорни за стратешко планирање Обуката ќе ја оддржат вработени од Генерален секретаријат на Владата.
Во Скопскиот плански регион обуката ќе се одржи на ден 04.12.2012 година (вторник)
Регистрација на учесниците: од 9,30ч до 10,00ч.
Времетраење: од 10,00ч до 15,00ч.
Локација: Скопски саем, сала „Дипломатик“.
Со почит,
Центар за развој на Скопски плански регион
Раководител
Анета Лозаноска Раввлинсон
No comment yet, add your voice below!