За потребите на планирањето на регионален развој и имплементацијата на мерките и инструментите за поттикнување на рамномерниот регионален развој, воспоставени се плански региони во Република Македонија. Планските региони се единиците на НТЕС трето ниво утврдени со акт на Владата на Р. Македонија за утврдување на номенклатурата на територијалните единици за статистика – НТЕС.
Програмата за регионален развој на Скопскиот плански регион претставува основен развоен документ на регионално ниво за периодот од 2009 до 2014 година. Таа ја дефинира моменталната состојба на регионот, стратешките правци за развој и предлага мерки за утврдување и надминување на постоечките услови. Програмата е подготвена во периодот јуни-август 2009 година, водена од страна на Советот и Центарот за развој на Скопскиот плански регион во партнерство со повеќе од 140 претставници од општините од регионот, Министерството за локална самоуправа, експерти и УСАИД.
Програмата за развој на регионот е усвоена од страна на Советот за развој на Скопскиот плански регион (декември, 2009) по претходна согласност од страна на Советот за рамномерен регионален развој на Република Македонија.
Програма за развој на Скопски Плански Регион
No comment yet, add your voice below!