На ден 09.12.2011 во просториите на Скопски саем се одржа обука за Стратешко планирање на локално ниво, организирана од страна на Министерството за локална самоуправа и Центарот за развоја на Скопски плански регион.
На обуката учествуваа вкупно 25 вработени од општинската администрација, а кои работат на стратешко планирање и буџет. Обуката е организирана согласно заклучокот на Влада на Република Македонија од 299-та седница оддржана на 26.04 2011 година кој произлегува од Стратегија за реформа на јавната администрација и согласно извештајот на Европската комисија, Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за локална самоуправа и со логистичка подршка од Центрите за регионален развој.
Предавачи на обуката беа г-ѓа Љиљана Костич, г-ин Зоран Милков,г-ин Сали Сали и г-ѓа Биљана Јовановска од Влада на Република Македонија,Генерален секретаријат одел Сектор за стратегија, планирање и следење.
No comment yet, add your voice below!