Skip to content

Во посета на општина Аеродром

ДАТУМ

јануари 22, 2019

Категории

Раководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа куса средба со градоначалникот на Општина Аеродром, г-дин Златко Марин. Средбата беше од информативен карактер, размена на информации, искуства, поврзани со работата на центарот и општините од Скопскиот регион.

Програмата за развој на Скопски плански регион како составен дел од секој регион оваа година подлежи на ревидирање. Во таа насока предвидени се неколку работилници кои ќе се одржат на пролет оваа година, каде општините бклучувајќи ја и Општина Аеродром како дел од Советот на Скопски плански регион ќе имаат можност да придонесат во изработката на новата Програма која ќе биде во важност од 2020 година со период од четири години.

Соработката со Општина Аеродром е на високо ниво и се надеваме дека така ќе продолжи.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy