Skip to content

Проектот Скопје- Метропола влегува во трета фаза на реализација

ДАТУМ

октомври 21, 2010

Категории

26 јули 2010, 13:14
Извор: Макфакс
Проектот Скопје-Метропола, кој започна пред три години влегува во својата трета фаза на реализација, а  основната цел е создавање на нова културна политика на градот Скопје за периодот 2010 -2020. Други сегменти на овој проект се и локална програма за млади, е-град, локален фонд за култура и уметност, ликовно обликување на градот, уметничка улица.
„Проектот Скопје-Метропола околу себе собра 600 интелектуалци од различни сфери, а од изминатата година работевме на меѓународна презентација и на институционално зајакнување на проектот при што беа формирани „Здружението на граѓани Скопје-Метропола“, „Фондацијата Фонд Скопје-Метропола“, „Форумот на Скопје“ и „Културниот центар  на Скопје и општините“. Овој проект треба да доведе до создавање на културен систем во нашиот град во согласност со духот на времето во кое живееме.“ изјави Нелко Нелковски, претседател и иницијатор за формирање на Скопје- Метропола.
До крајот на годината предвидени се промоција на културните центри во сите општини на целата територија на Град Скопје, промоција на перманентна кампања за прибирање дополнителни средства за културата во градот, прва сесија на форумот на Скопје на тема: „Kултурна политика на Град Скопје и процесот на евроинтеграции“, втора сесија на Форумот на Скопје на тема „Скопје-град на хуманоста, перманентна комуникација и соработка со институциите, градовите и земјите донатори во процесот на обнова на градот по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, промоција на новата книга „Како Скопје станува метропола“.
Проектот „Скопје-Метропола“ е финансиски поддржан од градот Скопје во рамките на годишната програма за финансирање на проекти и манифестации во областа на културата од јавен интерес за град Скопје за 2009 година. крај /сж

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy