Skip to content

Во посета на Општина Карпош

ДАТУМ

јануари 16, 2019

Категории

Во посета на Општина Карпош, Рководителот на ЦРСПР г-дин Љупчо Кец Мицковски одржа состанок со Градоначалникот на општината г-дин Стефан Богоев. Состанокот беше од информативен карактер за моменталната состојба на Центарот за развој на Скопски плански регион, начинот на неговото работење и проектите кои се имплементираат преку него, околу начинот на распредлба на средствата по региони од страна на Министерството залокална самоуправа.

Во изминатиот период Центарот за развој на Скопски плански регион имаше добра соработка со секторот ЛЕР. Последен проект кој е изработен од страна на центарот во соработка со општината е проектот “Програма за мезометеоролошки мерења во Скопска котлина и нејзина реализација” во 2013година.

Центарот за развој на Скопски плански регион како носител на повеќе плански документи меѓу која е и Програмата за развој на Скопски плански регион 2015-2019, оваа година ќе организира работилници за изработка на нова Програма за развој на Скопски плански регион 2020-2024 каде директно ќе ги вклучи општините кои ќе имаат можност за нивен придонес во изработката на истата. Предвидени се неколку работилници кои ќе се одржат на пролет 2019 година.

Се дискутираше за развојните зони во општината, за урбанистичките планови и уредувањето на општината.

Центарот за развој на Скопски плански регион е отворен за понатамошна соработка со Општина Карпош како и со сите останати општини кои се дел Скопскиот регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy