Skip to content

Реализација на Проектот „Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“

ДАТУМ

јануари 16, 2017

Категории

Како дел од ИПА програмата, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со планските региони во тек е спроведување на проектот ,,Изработка на неопходна документација за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”. Проектот е финансиран од страна на Европската унија, а како краен корисник се јавуваат погоре посочените плански региони. Формираниот Управен Одбор составен од претставници на повеќе институции,општини,  заедно со претсавници од Европската унија се директно инволвирани во следење и спроведување на проектните задачи. Проектот започна да се спроведува на 22 декември 2015 година и истиот ќе се спроведува во период од 24 месеци. Севкупната цел на проектот е да се постигне интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпадот во Пелагонискиот, Југозападниот, Вардарскиот и Скопскиот регион.
Во рамките на проектот ќе се изработат следниве документи:

  • Регионални планови за управување со отпад (РПУО) за секој регион
  • Извештај за Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) за  РПУО за секој регион
  • Студии за изводливост за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со цврст отпад за секој регион (СИУЦО)
  • Анализи за трошоци и придобивки за СИУЦО за секој регион
  • Оцена за влијанието врз животната средина  (ОВЖС) за СИУЦО за секој регион
  • Основен проект и проценка на трошоците за затворање, рехабилоитација и понатамошна грижа за нестандардни општински депонии и диви депонии и за изработка на избрани објекти за третман и отстранување на отпад за секој од регионите
  • Оцени на потребите, анализи на пазарот со процени од трошоците и Технички спецификации (ТС) за набавка на опрема за собирање и претовар на отпадот за секој регион и
  • Тендерска документација за сите договори за работа, односно за изградба на избрани објекти за третман и отстранување на отпад, како и за затворање, рехабилитација и понатамошна грижа на нестандарни општински депонии и диви депонии за секој регион.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy