Skip to content

Презентација на Каталог на реализирани проекти на Центарот за развој на Скопски плански регион во период 2009 до 2016 година

ДАТУМ

ноември 7, 2017

Категории

На ден 07.11. 2017 година, во Стопанска комора  на Македонија со почеток во 11 часот, се одржа презентација на Каталог на  реализирани проекти на Центарот за развој на Скопски плански регион во период  2009 до 2016 година.
Поздравен говор дадоа г-дин Џемаил Елмази, Директор на Биро за регионален развој, г-дин Ѕвонко Зафировски, преставник од Министерство за локална самоуправа и раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска која понатаму пристапи кон презентација на каталогот.
Во каталогот се претставени проектите кои се имплементирани од страна на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, а кофинансирани од страна на Министесртво за локална самоуправа (МЛС)  / Биро за регионален развој (БРР) во период од 2009 до 2016 година.
ентарот за развој на Скопскиот плански регион  е посветен на меѓуопштинска соработка и промоција на развојни јакнења на капацитот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот, стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот на живеење, соработка со општините во регионот, како и можност да обезбеди стручна и техничка помош при подготовка на секаков вид проекти.
На настанот присуствуваа преставници од МЛС, БРР, општините од Скопскиот регион како и преставници од бизнис секторот.
[foogallery id=”4442″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy