ОГЛАС За избор на Директор на Центарот за развој на Скопски плански регион-1извршител на определено време за период од 4 години

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работни односи (,,Службен весник на РМ бр. 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16 и 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 267/20, 151/21 и 288/21) и согласно член 26 став 8, став 9, став 10, став 11, став 13 и член 27 став 1 од Законот за рамномерен регионален развој (службен весник на РМ бр.24/2021 и 174/21), Согласно член 2 од Одлука од седница на Совет за развој на Скопски плански регион дел.бр.02-117/5 од 28.09.2022година Советот за развој на Скопски плански регион, објавува

ОГЛАС

За избор на Директор на Центарот за развој на Скопски плански регион-1извршител на определено време за период од 4 години

За Директор на Центарот може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС, односно завршен VII/1 степен образование од областа на правните, економските или техничките науки;
  • да има работно искуство од најмалку пет години од кои најмалку две години со управување со развојни проекти во областа на локалниот и регионалниот развој;
  • да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати за познавање на англиски јазик не постар од две години:

а) ТОЕФЕЛ (TOEFL) со најмалку 74 бода,

б) ИЕЛТС (IELTS) со најмалку 6 бода,

в) ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) со најмалку Б2 ниво,

г) ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,

д) БУЛАТС (BULATS) со најмалку 60 бода или

ѓ) АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и

–    активно познавање на програми за компјутерско работење.

Покрај наведените услови за вработување предвидени со Закон за рамномерен регионален развој, кандидатот потребно е да ги исполнува и останатите општите услови за вработување предвидени со Законот за работни односи (да е полнолетен, активно да го користи македонскиот јазик, да има општа здравствена способност за работното место).

Потребни документи за аплицирање:

Кандидатите треба да приложат:

  • Уверение за Државјанство на Република Северна Македонија;
  • Уверение со правосилна судска пресуда дека не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
  • Биографија (CV);
  • Заверен препис на уверение-диплома за завршено образование;
  • Доказ за работно искуство, копии од документите кои го потврдуваат стекнатото   работно искуство;
  • Меѓународно признат Сертификат за познавање на англиски јазик не постар од две години;
  • Сертификат /диплома за познавање на програми за компјутерско работење;
  • Лекарско уверение како доказ за општа здрaвствена способност за работното место.

Мандатот на Директорот на Центарот е 4 (четири) години, со право на повторен избор.

Огласот е отворен 4 (четири) работни дена од денот на објавувањето, вклучувајќи го и денот на објавувањето на огласот.

Работни часови неделно: 40; Работно време од 08:30 до 16:30;

Работни денови: од понеделник до петок.

Основна нето плата: 44.062,00,00 денари.

Пријавите за вработување со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за равој на Скопски плански регион – Скопје, на адреса ул.”Димитрија Чуповски” бр.13, први кат Стопанска комора Скопје.

Совет за развој на Скопски плански регион,
Претседател,
Бобан Стефковски 

Изградба на Дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост

Низата успешни проекти, денеска се збогати со уште еден инклузивен, корисен и општетсвено одговорен проект. Дененешниот датум за ЦРСПР и Општина Гази Баба е значаен ден, бидејќи работната група отпочна со реализација на проектот: Изградба на Дневен центар за лица со телесна и интелектуална попреченост. Проектот е финансиски поддржан од Министерство за локална самоиуправа\ Биро за регионален развој и Општината Гази Баба. Горди сме на можноста да придонесеме и во овој дел од сегментот на социјалниот развој, кој што е исклучително потребен на заедницата.

Регионални форуми на заедницата

Центарот за развој на Скопски плански регион, започнува со реализација на нов циклус на Регионални форуми на заедницата за Програмата за регионален развој  на Бирото за регионален развој (БРР) – Мнистерство за локална самоуправа(МЛС). Регионалните форуми финансиски се поддржани од страна на  Швајцарската агенција за соработка и развој и Министерство за локална самоуправа.

Целта на регионалните форуми е да понудат предлог проекти со иновативни и ефикасни решенија за детектираните проблеми од најприоритетните области кои го засегаат Скопскиот плански регион.

На Првата форумска сесија ќе се генерират идеи и предложат решенија-предлог проекти за избраните области, од кои во понатамошните форуми ќе се одберат најдобрите предлог-проекти кои  ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од БРР/МЛС.

Првата Форумската сесија ќе се оддржи на 10 ноември 2022 г. (четврток), со почеток во  10:00 часот, во просториите на Стопанска комора на Северна Македонија.

Одржана VII седница на Совет за развој на Скопски плански регион

На ден 28.09.2022година, во просториите на Општина Гази Баба се одржа седмата седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На седницата беа презентирани активностите од тековните проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 со индикативно планирани средства за 2022.

Успешно реализирана првата работилница “Управување со отпад  и развој на локалната економија“

Успешно реализирана првата работилница “Управување со отпад  и развој на локалната економија“ организарана во Скопје од страна на TAIEX LTA – техничка поддршка за локалните власти во соработка со Центарот за развој на Скопски плански регион и Секретаријатот за Европски прашања. “Огромно задоволство и чест ми беше за мене лично, да се учествува во организацијата на дводневната работилница која е прва активност во нашата држава организирана од „TAIEX стратешка поддршка за локалните власти„ како новитет na TAIEX инструментот“ – истакна Г-ѓа Розета Арсовска, координаторката за регионален развој при Центарот за развој на Скопски плански регион. 110 претставници на министерствата, локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, академската и бизнис фела, како и претставници на граѓанските здруженија  дискутираа за ефикасно управување со отпад, третман на отпадни води, зелени јавни набавки и циркуларната економија со 12 меѓународни и домашни експерти/панелисти со цел подобрување на локалната економија и заштита на животната средина. “Отпадот не е само предизвик, туку и можност за развој – порача Штефен Худолин, Шеф на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ. А, TAIEX ја отвара можноста секоја општина да биде дел од одржливиот развој.“

Почеток на реализација на нов инфраструктурен проект

Центарот за развој на Скопски плански регион денеска отпочна со реализација на инфраструктурен проект “Мапирање на рекреативна велосипедска патека и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација – с. Кучково, општина Ѓорче Петров”. Со реализаија на овој проект ќе се создаде нова димензија и намена на постоечкото излетничко место со нови услуги за нови корисници како од општината Ѓорче Петров, Градот Скопје и пошироко. Проектот е финансиски поддржан од Влада на Република Северна Македонија (Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој) согласно програмата за развој на Скопски плански регион за 2021 година, со индикативно планирани средства за 2022 година со вредност за изведба на проект 4.698.996,00 денари. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери  се општините Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Карпош.

Завршен настан за успешната реализација на проектот „Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење“ – ЕРAЗМУС+ КА102

Денес во просториите на EU House, организиравме завршен настан за успешната реализација на проектот “Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење “-ЕРAЗМУС+ КА102 во рамките на програмата -Мобилност за учење и индивидуи, спроведувана преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Проектот се реализираше со партнер училиштата: АСУЦ Боро Петрушевски, СУГС Браќа Миладиновци и СГГУГ Здравко Цветковски од Скопје. Во областа на претприемништвото и иновациите, се обединија три различни струки: машинска струка, градежно- техничка и земјоделско- ветеринарна струка. Во рамките на програмата на настанот беше направена презентација на целите од проектот,спроведените активности и заклучоците од спроведеното истражување. Дополнително,беше промовиран и Прирачникот, насловен по називот на проектот “Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење ” од авторите Викторија Митрикеска и Сирма Илијоска Трифуноска. На крајот на настанот Директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски, додели благодарници за учество на училиштата партнери во проектот. Проектот беше одлично оценет од вклучените ученици во мобилноста како и од менторите професори. Бизнис центарот при Центарот за развој на Скопски плански регион ќе продолжи да создава подобар еко систем за претприемачите во регионот преку нови партнерства и соработки со цел подобрување на регионалниот развој и зајакнување на човечките капацитети.

Галерија

Центарот за развој на Скопски плански регион отпочна со реализација на уште еден инфраструктурен проектот ‘’Рехабилитација на дел од улица ,,Александар Урдаревски” во КО Горно и Долно Оризари’’

Центарот за развој на Скопски плански регион денеска отпочна со реализација на клучен инфраструктурен проект  Рехабилитација на дел од улица ,,Александар Урдаревски” во КО Горно и Долно Оризари кој ќе го подобри и олесни протокот во сообраќајот во три општини Шуто Оризари, Чучер Сандево, Бутел и пошироко. Проектот е финансиски поддржан од Влада на Република Северна Македонија (Министерство за локална самоуправа/ Биро за регионален развој) согласно програмата за развој на Скопски плански регион за 2021 година, со индикативно планирани средства за 2022 година со вредност од 9.588.101,89 денари. Носител на проектот е Центарот за развој на Скопски плански регион, а партнери  се општините Шуто Оризари, Чучер Сандево и Бутел.

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102

Одржана втората форумска сесија од програмата „ Регионални форуми во заедницата“- II фаза, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Центарот за развој на Скопскиот плански регион ја одржа втората форумска сесија од програмата „ Регионални форуми во заедницата“- II фаза, во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка .

На оваа форумска сесија беа презентирани  концепт решенија за предлог проектите за Грантова шема и концепти од листата на проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС. Беше развиена конструктивна дискусија од страна на присутните, по што следеше рангирање и транспарентен избор на прокти со право на глас од страна на секој учесник на форумот.

Се избраа три предлог проекти по следниот редослед:

  1. „Центар за рехабилитација на деца лекувани од канцер“ со 28 бодови, чиј носител е Центар за развој на Скопски плански регион со партнерство од општина Ѓорче Петров и НВО „САНО“
  2. Детска градинка – клон на ЈОУГД „Авионче“ Петровец со сензорна соба, со 27 бодови, чиј носител е Центар за развој на Скопски плански регион со партнерство од општина Петровец
  3. Дом на култура (кино) „Билјана Беличанец“- ДОМ ЗА СИТЕ НАС, со 19 бодови, чиј носител е Центар за развој на Скопски плански регион со партнерство од општина Кисела Вода.

Во периодот мај-јуни од страна на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка, се очекува да се избере еден од дадените предлог проекти кој потоа ќе помине во фаза на реализација.

Одржана VI седница на Совет на Скопски плански регион

Денес во општина Гази баба се одржа шестата по ред седница на Совет за развој на Скопски плански регион. Присутните градоначалници од Скопскиот регион како и претставници од општините, согласно дневниот ред имаа можност да проследат куса презентација од страна на надворешен експерт г-дин Александар Целески по однос на две точки и тоа:
  • Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС/СДЦ, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“;
  • Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“.
Со едногласно одлучување од страна на мнозинството градоначалници, приоритетната листа на проекти кои ќе бидат аплицирани во Биро за регионален развој/Министерство за локална самоуправа, беше донесена по следниот редослед на проекти:
  1. Рехабилитација на регионален пат Маџари – Хиподром – Илинден (во партнество со општините: Илинден, Гази Баба, Петровец)
  2. Набавка на Противпожарно возило за Доброволно друштво во општина Зелениково (во партнество со општините Зелениково и Петровец)
  3. Изградба на Детска градинка во општина Петровец, Илинден и Зелениково (во партнество со општините: Петровец, Илинден, Зелениково)
  4. Домот на култура (кино) “ Билјана Беличанец” – ДОМ ЗА СИТЕ НАС (во партнество со општинa Кисела Вода)
  5. Конзервација и реставрација на калдрма на ул. Папуџиска во Скопска чаршија со поставување на урбана опрема и дигитални апликации (водич) – (во партнество со општините: Чаир, Центар и градот Скопје)
  6. Изработка на техничка документација за Качанички пат (во партнество со општините: Бутел, Чучер Сандево, Шуто Оризари)
  7. Реконструкција на ул. Александар Урдаревски,2-ра фаза, 700 метри (во партнество со општините: Шуто Оризари, Бутел, Чучер Сандево).
Процесот на реализација на оваа приоритетна листа ќе отпочне веднаш по постапката за склучување на договорите со Бирото за регионален развој/Министерство за локална самоуправа.

Галерија