Центарот за развој на Скопски плански регион дел од годишната конференција на тема насловена ,,ГОДИНА НА НОВИ МОЖНОСТИ”

Центарот за развој на Скопски плански регион дел од годишната конференција на тема насловена ,,ГОДИНА НА НОВИ МОЖНОСТИ”
Центарот за развој на Скопски плански регион предводен од в.д.  Директор г-ѓа Розета Арсовска, денес присуствуваше на годишната конференција насловена ,,ГОДИНА НА НОВИ МОЖНОСТИ” на покана од страна на Влада на Република Северна Македонја/ Министерството за животна средина и просторно планирање, чија цел беше преку дискусија да се направи пресек на она што е направено во 2022 година, но и да  даде насока и визија 2023 година. На Панелот 2 ,, Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза” за кој беше поканет центарот, се дискутираше за капитални инвестиции во инфраструктурата, животна средина, образование и култура, а говорници беа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,  министерот за образование и наука Јетон Шаќири  и министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми и Горан Марковски проф. на Градежен факултет. Секој од панелистите имаа свое излагање за клучни реализирани и планирани инфраструктурни проекти кои сметаат дека се од големо влијание врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.  

Одржана X (десетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Советот за развој на Скопски плански регион, денес ја одржа десетта седница  по ред во присуство на членовите на единиците на локалната самоуправа. Од страна на надворешен експерт г-дин Драган Пехчевски беше направена презентација на листа на предлог-проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за аплицирање во МЛС/БРР, а во рамките на проектот ,,Оддржлив инклузивен рамномерен регионален развој- II фаза“, кои потоа беа подетално разгледани и истите беа усвоени. Со тоа беше донесена годишната листа на предлог-проекти со кој Центар за развој Скопски плански регион ќе аплицира на следниот повик МЛС/БРР 2023/2024год.

Одржана I (прва) седница на Советот за социјална заштита на Скопски плански регион

Денес во просториите на Стопанска комора на Северна Македонија се одржа првата седница на Советот за социјална заштита на

Скопски плански регион. Покрај тоа што едногласно беше усвоен записникот од конститутивната седница, се избра и Претседател на Советот за социјална заштита на Скопскиот плански регион.

Со мандат од една година за Претседател на Советот за социјална заштита на Скопскиот плански регион беше избран градоначалникот на Општина Зелениково г-дин Коста Маневски.

Честитки од центарот за развој на Скопски плански регион, со желби за успешна соработка. 

Тековни активности во врска со проектот ,,Изградба на Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост’’

Денес в.д директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска, заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Бобан Стефковски и нивните тимови излегоа во обиколка на објект дел од проектот ,,Изградба на Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост’’ кој заеднички и го спроведуваат.

Активностите  се одвиваат согласно дадената динамика и се очекува проектот да се заврши на почетокот од новата 2023 година. 

Втора сесија на Регионални форуми на заедницата

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој –II фаза, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, денес ја одржа втората сесија на Регионални форуми на заедницата каде се даде приоретизација на предлог проектите за финансирање од Бирото за регионален развој – Министерство за локална самоуправа. Концептите од листата на предлог проекти беа приоретизирани по следниот редослед:
  1. До-рехабилитација на постоен локален пат, населба Хиподром кон Илинден и Петровец ( 1.9 км)  – Општина Гази Баба
  2. Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина – Општина Кисела Вода
  3. Подобрување на туристичката сигнализација и инфраструктура во Скопски Плански Регион преку поставување туристичка сигнализација и партерно уредување со улично осветлување на локалитет Градиште, с.Таор – Општина Зелениково
  4. Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина, и смарт табли за едукација на деца – Општина Чучер Сандево
  5. Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина – Општина Шуто Оризари
  6. Подобрување на туристичка инфраструктура за заштита на културни споменици (културно наследство) во стара Чаршија – СААТ КУЛА (пристапни улици) – Општина Чаир
  7. Инвестиција во возила за одвоз на отпад и канти за смет – Општина Арачиново.
Во периодот кој следи сите овие концепти ќе бидат презентирани и приоретирзани пред советот за развој на Скопски плански регион.

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102

Свечено потпишување на Договор за реализација на инвестициски проект со дигитална компонента од Грантова шема на проект ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – II фаза

Денес В.Д. директорот на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска, заедно со министерот за Лоакална самоуправа, г-дин Ристо Пенов свечено потпишаа Договор за реализација на инвестициски проект со дигитална компонента од Грантова шема на проект ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – II фаза кој е поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска агенција за развој  и соработка.

Се работи за проектот ‘’Приказната Продолжува’’ кој ќе биде реалииран во општина Ѓорче Петров, а ќе има бенефит целиот Скопски регион и пошироко. Овој проект има за цел да го подобри квалитетот на животот на децата на школска возраст во РСМакедонија и регионот кои преживеале канцер преку одржливи инвестиции во инфраструктура и во услови за нега и рехабилитација, кои се единствен системски предуслов за унапредување на животниот квалитет кај оваа социјално исклучена категорија. Центарот е креиран како место каде на секое дете на кое му е потребна рехабилитација по борбата со канцер, ќе му биде обезбедена грижа, преофесионалност и едукација. Во Центарот ќе престојуваат деца со еден родител кој што ќе биде дел од рехабилитациониот период. Од клучно значење е на семејствата кои се соочуваат со таков проблем, да им се обезбедат алатки и информации што ќе им овозможат да ги задржат своите деца активни и заинтересирани. Центарот ќе презема иницијатива да ја зголеми семејната свест за важноста на вежбањето за време на закрепнувањето.

Вкупната вредност на проектот изнесува 23.574.074,00 денари, од кои 8.435.000,00 денари се обезбедени од страна на Швајцарска агенција за развој  и соработка, 10.380.998,00 денари се обезбедени од страна на Министертсво за локална самоуправа и 4.758.076,00 се обезбедени од страна на Општина Ѓорче Петров.

Активностите за овој проект предвидено е да започнат во 2023 година. 

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102

Одржана VIII(осма) седница на Совет за развој на Скопски плански регион

Денес, Советот за развој на Скопскиот плански регион одржа редовна седница во просториите на Општина Гази Баба.

По истекувањето на мандатот на претседателот на Совет за развој на Скопски плански регион г-дин Бобан Стефковски, градоначалник на Општина Гази Баба, за нов претседател избран е г-дин Александар Георгиевски, градоначалник на општина Илинден, на кој му е доделен мандатот во времетраење од една година без право на реизбор.

Исто така поради истекување на мандат на актуелниот директор на Центар за развој на Скопски плански регион за вршител на должност директор поставена е г-ѓа Розета Арсовска. 

ТАИЕКС Експертска мисија за Управување со отпад и развојна локална економија

Центарот за развој на Скопскиот плански регион, од 28 до 30 ноември 2022, на онлајн платформата „Зум“ ја одржува експертска мисија  на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија – ТАИЕКС, посветени на Управување со отпад и развој на локалната економија. Експертската мисија се одвива под водство на европските експерти Алесандро Песа, Советник во Кабинетот на градоначалникот на Капанори и Никола Карнини од АСЦИТ груп. На Експертската мисија учество земаат 30 учесници од општините во Скопскиот регион, претставници на ЕУ4М, како и претставници од други институции и општини. На отворање на Екпертската мисијата се обратија г-ѓа Елизабета Боува од Секретаријатот за европски прашања и г-ѓа Ана Мазнева-Каранфиловска од Министерството за животна средина и простоно планирање. На денешната сесија експертите преку директен пример од Италијанската општина Капанори ја презентираа улогата на општините во процесот на спроведување на циркуланата економија како можност во успешно справување со отпадот, но и како можност за зголемување на локалната економија.  Повторна употреба на ресурсите доведува не само до намалување на отпадот но и уште поважно  и до креирање на нови услуги а со тоа и до нови рабони места. Настанот,  продолжува утре и задутре и (29 и 30 ноември) со онлајн работилница, на која експертите ќе ги споделат најдобрите практики за справување со градежен отпад и шут, како и отпад од мебел и текстил, и нивна примена во циркуларната економија како и примери на успешни кампањи за подигање на јавната свест за спреќување на отпад и промоција на циркуларни решенија. На крајот од своето обраќање, Розета Арсовска, Координатор за регионален развој при Центарот за развој на Скопски плански регион упати благодарност до Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и до Секретаријатот за европски прашања при Владата, кои овозможија да се спроведе и да се одобри апликацијата на Центарот за развој на Скопскио плански регион за добивање експертска советодавна поддршка преку Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија – ТАИЕКС.

НАГРАДА ЗА НАЈУСПЕШНА МЛАДА ЛИДЕРКА ЗА 2022

Честитки за нашата колешка Ирина Тростјанска која е добитник на наградата “Најуспешна млада лидерка” за 2022, која ја доделува Националната платформата за женско претприемништво. Нејзината приказна е голема  инспирација за младите претприемачки кои се уште не се осмелиле да го направат својот прв чекор. Вистината е дека мнозинството од луѓето не се родени лидери, но се развиваат во лидери со делата што ги прават и со својот личен напредок. Со тек на времето без оглед на тоа дали сте искусен претприемач или штотуку го почнувате своето претприемничко патување ќе забележите дека поседувате некои карактеристики кои ги имаат и најдобрите и најефективните претприемачи. Центар за развој на Скопски Плански Регион се гордее со успесите на својата лидерка и активно ќе продолжи да ги промовира успешните приказни на младите претприемачи во Скопскиот плански регион.

Одржана Прва форумска сесија на заедницата за Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој

Центарот за развој на Скопски плански регион денес го започна новиот циклус на Регионални форуми на заедницата за Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) – Мнистерство за локална самоуправа(МЛС). Регионалните форуми финансиски се поддржани од страна на Швајцарската агенција за соработка и развој и Министерство за локална самоуправа. На Првата форумска сесија се генерираа идеи и предлог проекти за избрани области, од кои во понатамошните форуми ќе бидат дефинирани во проекти кои ќе бидат реализирани со финансиска поддршка од Биро за регионален развој/Министертсво за локална самоуправа.