Справувањето со еколошката катастрофа која го демне градот Скопје и пошироко Скопскиот регион

Денес во просториите на Општина Аеродром се одржа вонредна седница на Скопскиот плански регион, на која градоначалниците преку јавна дискусија се произнесоа со конструктивни предлог –решенија, со цел да помогнат во справувањето со еколошката катастрофа која го демне градот Скопје и пошироко Скопскиот регион.  На седницата се апелираше до надлежните институции кои имаат ингеренции да управуваат со отпадот со законски акт, да превземат итни мерки и да дејствуваат со активности расчистувајќи го градот, над кој демне здравствен ризик од ширење на зарази, но пред се да се одважат со самосвест и етика кон состојбите кои не трпат политички и било каков реваншизам и зал ожнишво, во кој најголема жртва се граѓаните.  Со надеж дека разумот ќе надвладее и дека предложените решенија ќе се испочитуваат за општото добро на сите, очекуваме седницата да биде продуктивна, а грдата слика, или кошмарот со сметот, никогаш повеќе да не се повтори. Аплеираме

Ново противпожарно возило за општина Зелениково

ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА СКОПСКИ ПЛАНСКИ РЕГИОН ВО ПРЕСРЕТ НА ПОТРЕБИТЕ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПОЖАРИ НАБАВИ ПРОТИВПОЖАРНО ВОЗИЛО ЗА ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО

Центарот за развој на Скопски плански регион, продложува со реализација на приоритетните проекти кое се во насока на навремена и ефективна превенција и заштита на регионалните подрачја, овојпат обезбедувајќи противпожарно возило за Општина Зелениково, една од најзелените и најбујните, атрактивна со туристички содржини, историски корени и голем развоен потенцијал.

За да се овозможи добра промоција на највредното што го имаме, во случајов родното место на императорот Јустинијан I, оазата на штрковите, Таорската клисура, импресивниот природен диверзитет, Катлановското блато, старите цркви, профаното и сакралното наслество и најскапоценото – животот на мештаните, првиот чекор е на сите начини, да го заштитиме.

Оттука произлезе приоритетниот проект за набавка на Противпожарно возило, финансиран од Министерство за локална самоуправа / Биро за регионален развој, чиј носител е Центар за развој на Скопски плански регион, а ко- финансиер е Општина Зелениково, која се повеќе расне и се развива од живописно место и во атрактивно зона за инсвестиција и живеење.

Горди сме на одличната соработка со општината која е партнер во набавката на возилото и финансиски придонесе за да се овозможи најдобриот избор.

Се надеваме дека новиот „јунак“ FUSO CANTER 9C18DUONIC, вреден 7.161.066,00 МКД (со ДДВ), ќе ја чува и ќе и служи сосе сите намени на општината, а доколку дојде до пожари кои најмногу посакуваме да ги нема, тука е и доброволното противпожарно здружение „Зелениково“ чии членови поседуваат, знаења и вештини за справување, како и обука за користење на ваков тип на современо противпожарно возило.

Центар за развој на Скопски плански регионот, секогаш посветен на потребите на граѓаните и општините, со фокус за балансиран прогрес, квалитетен живот и посигурна иднина.

Дванаесеттата седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Центар за развој на Скопски плански регион, денес ја одржа дванаесеттата седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На денешната седница се спроведе избор на нов директор на Центар за развој на Скопски плански регион, поради истекот на мандатот на В.Д Директорката Розета Арсовска. Советот за развој на Скопскиот плански регион, со мнозинство гласови за нов директор го избра Јане Мицевски, со мандат од четири години.
Дополнително на седницата беше донесена одлука за одобрување на ЦРСПР да аплицира на вториот повик на “Фондот за техничка документација на УНДП” и беше пренесена информација во врска со регионалното управување со отпад во Скопскиот плански регион.

Одржана XI (единаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

На денешната XI (единаесетта) седница  на Советот за развој на Скопски плански регион, членовите на советот донесоа одлуки по точките: Годишен Извештај за реализација на Програма за развој на Скопски плански регион за 2022 година, Извештај за финансиското работење за 2022 година, Завршна сметка за 2022 година.

На покана на центарот, г-ѓа Андријана Бодановска Ѓ. проект менаџер на проектот ,,ШАНСА ЗА ВАС’’ имаше можност да изврши презентанција на проектот Opportunity4you – ИПА програмата за прекугранична соработка Србија-Северна Македонија.

Иницијативата „ОТВОРЕН БАЛКАН“, започната во 2022 годинаовозможувапрекугранична мобилност на работната сила и го проширува пристапот до големи пазари за претпријатијата кои работат во прекуграничната областа на Северна Македонија и Србија.

Тоа е можност која може да придонесе за понатамошно економско зајакнување на земјите, а особено ќе ги фаворизира руралните региони и општини во прекуграничната област. Овие општини се соочуваат со континурана висока стапка на невработенот, истакна г-ѓа Андријана.

   

В.д. директорката на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска на работна средба со министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Каја Шукова

В.д. директорката на Центар за развој на Скопски плански регион г-ѓа Розета Арсовска, присуствуваше на работна средба со министерката за животна средина и просторно планирање г-ѓа Каја Шукова и останатите директори на Центрите за развој на планските региони во државата. Целта на средбата беше да се интензивира комуникацијата и соработка со Центрите, како важна карика меѓу централната власт и локалните самоуправи.

Директорите на планските региони беа информирани за активностите што во иднина се  очекува да бидат реализацирани  на двете приоритени области: управување со отпад и водоснабдување,  одведување на отпадни води и нивно прочистување.

Успешно завршена Студиската посета во Капанори Италија

Претставниците од Центарот за развој на Скопски плански регион, општините Центар, Гази Баба, Илинден и ЈП Дрисла за време на Студиската посета остварија средба со Советникот за заштита на животната средина на општината Капанори г-динот Џордано Де Чиаро.На средбата меѓу другото се дискутираше и за спроведените кампањи за подигање на јавната свест за рециклирање и циркуларна економија во општината Капанори.
На средбата се споделија практики и искуства од општината Капанори кои ќе претставуваат значајни насоки за справување со предизвиците со кои се соочуваат општините во Скопски плански регион и ЈП Дрисла при воспоставување на одржлив сустем за управување со отпад и воведување на циркуларната економија.
Учесниците имаа можност да ги посетат Центарот за ре-употреба и поправки и Центарот за рециклирање каде се запознаа со процесот на креирање нови производи од отпад и на можностите за рециклирање на храна. Посетено беше и претпријатието Ascit најголемиот собирeн центар за отпад во Кампанори.
Студиската посета се реализира во рамките на проектот “Управување со отпад и развој на локалната економија“, финансиран од страна на Инструментот за техичка подршка на ЕУ – ТАИЕКС на локално ниво – TAIEX Strategic Support to Local Authorities, подржан од Секретаријатот за Европски прашања (СЕП), а имплементиран од Центарот за развој на Скопски плански регион.
 

Студиска посета на општина Капанори, Италија

Од 20 – 24 февруари 2023 г. в.д. директорката на Центарот за развој на Скопски плански регион, Розета Арсовска, претставниците на општините Центар, Гази Баба и Илинден и претставник на јавното претпријатие ДРИCЛА, се на Студиска посета на Капанори  регионот, Италија.

На средбата со градоначалникот на општината Капанори, г-от Лука Менезини, учесниците подетално се запознаа со пристапот на општината Капанори во управувањето со отпадот и примената на циркуларната економија, а со цел да се поддржи локалната економија.

За време на Студиската посета  учесниците ќе ги посетат Центрите за повторна употреба и поправка на отпадот (WRRC) и Центaрoт за рециклирање , и ќе се запознаат со видот на можни партнерства, модели на одржлив пазар и видови отпад што може да се третираат и како сето тоа да се стави во функција на доброто за општината и граѓаните.

Студиската посета се реализира во рамките на проектот “Управување со отпад и развој на локалната економија“, финансиран од страна на Инструментот за техичка подршка на ЕУ – ТАИЕКС на локално ниво – TAIEX Strategic Support to Local Authorities, подржан од Секретаријатот за Европски прашања (СЕП), а имплементиран од Центарот за развој на Скопски плански регион.