Invitation for the first forum session for the second cycle of regional forums within the project "Sustainable and inclusive balanced regional development"

The Center for Development of Skopje Region, within the project “Sustainable and inclusive Balanced Regional Development” implemented by the Ministry of Local Self-Government and the Swiss Agency for Development and Cooperation, begins the implementation of the second cycle of Regional Forums, which will be dedicated. on the topic of Social Inclusion.
It is our great honor and pleasure to invite you to take part in the first forum session, which will take place on 07.02.2020, starting at 11:00 am, in the Chamber of Commerce (Hall on the 5th floor).
The forum sessions will discuss issues affecting the region and provide solutions that will generate project ideas / concepts for project proposals. From these ideas for proposing ideas, the forum participants will choose the most priority ones, which will compete for realization from the project fund. The last session will provide information on the implementation of the selected project (s) and recommendations.
At the first forum session participants will have the opportunity to get acquainted with the forum process, to discuss the priority issues related to the social inclusion that the planning region is facing and to propose priority solutions.
Your presence and active participation will be of particular importance and will contribute to the successful realization of the regional forum process.
The forum is open to all citizens who wish to take active citizen participation in the participatory forum decision-making model.

Покана за прва форумска сесија за втор циклус на регионални форуми во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, почнува со реализација на вториот циклус на Регионални форуми, што ќе бидат посветени на темата Социјална инклузија.
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија, која ќе се одржи на 07.02.2020 година, со почеток од 11 часот, во просториите на Стопанска комора(сала на 5-ти кат).
Во рамките на предвидените форумски сесии ќе се дискутира за проблеми кои го засегаат регионот и ќе се нудат решенија од кои ќе произлезат проектни идеи/концепти за предлог проекти. Од овие концепти за предлог идеи, учесниците на форумот ќе ги изберат најприоритетните, кои ќе конкурираат за реализација од проектниот фонд. На последната сесија ќе се даде информација за реализација на избраниот/избраните проект/и и препораки.
На првата форумска сесија учесниците ќе имаат можност да се запознаат со форумскиот процес, да дискутираат за приоритетните проблеми поврзани со социјална инклузија со кои се соочува планскиот регион и за истите да предложат приоритетни решенија.
Вашето присуство и активно учество ќе биде од особено значење и ќе придонесе за успешна реализација на регионалниот форумски процес.
Форумот е отворен и за сите граѓани, кои сакаат да земат активно граѓанско учество во партиципативниот форумски модел на одлучување.

Четврта сесија во рамките на Програмата „РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА“

Центарот за развој на Скопскиот плански регион успешно го реализираше проектот „Инклузивно детско игралиште“ за деца со посебни потреби во општина Карпош. Проектот е финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија и кофинасиран од општината Карпош со вкупно средства од 2.647.619,00 МКД. Овој проект произлезе како резултат на проектната активност “Регионалните форуми на заедницата“. „Регионалните форуми на заедницата“ претставуваа структуиран инструмент за граѓанско учество во развојот на заедницата како и во локалното управување. Со овој инструмент, граѓаните имаа можност да ги изразат своите потреби, проблеми и приоритети и да земат активно учествуво во донесувањеето на одлуките во нивните општини и плански регион. Заедничката акција на сите нивоа и учество на сите чинители, без разлика на пол, возраст, етничка или верска припадност, беа предуслов за генерирање на поодржливи решенија во општеството. Проектот “Инклузивно детско игралиште“ претставува пресликување на процесот на инклузијата во реалност преку создавање на сигурна и стимулативна заедница за прифаќање и соработка, создавање на простор каде децата со посебни потреби ќе се чувствуваат пријатно и слободно и директно ќе може да комуницираат со останатите деца со и без попреченост. Со оваа игралиште Скопскиот плански регион и општината Карпош создадоа место каде децата го осознаваат инклузивниот процес и ги отфрлат непотребните предрасуди кои се присутни помеѓу нив. Место каде децата може да ги развиваат физичките, когнитивните, сетилните и социјалните вештини. Инклузивниот дизајн на игралиштето вклучува баланс на искуства преку игра за градење на сите овие вештини, а истовремено промовираајќи позитивни социјални активности меѓу нив изјави Раководителот на Ценатр за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски во воведното обраќање до присутните. Проектот е во согласност со националните стрешки документи и стартешките документи на ЦРСПР, во кои изграденоста на техничката и социјална инфраструкура е еден од наведените приоритети, а особено инклузивноста и интеграцијата на децата со посебни потреби и создавањето на еднакви можности за сите. Преку имплементација на проектот Општина Карпош се здоби со прво игралиште од ваков тип, но не само за своите жители, бидејќи преку стратешки одбрана локација, инклузивното игралиште ќе биде идеално за користење од страна на сите жители на Град Скопје. Проблемот со кои се соочуваат децата со попреченост во Карпош, но и во Градот Скопје е недостигот на детско инклузивно игралиште каде што децата со хендикеп ќе имаат еднаква можност да уживаат во детството со нивните врсници. Сведоци сме дека токму овие деца имаат само 1-2 вакви игралишта на целата наша територија, кои се реално многу малку  за да можат квалитетно да го поминат нивното слободно време и да излезат со цел физички да се активираат. Преку активности и дружење да се надминат стереотипите и да се овозможи поголема социјална инклузија на децата со посебни потреби. Поради тоа  со реализацијата на проектот се овозможи реконструкција на  површина од 450м2 на плоштадот Делфина – општина Карпош за да добиеме  современо Инклузивното детско игралиште за сите деца. Изведбата на игралиштето предизвика огромен интерес кај сите децата од општината но исто така и кај родителите на децата со посебни потреби кои нестрпливо го очекуваа завршувањето на истото. Денес, не толку долго по отварањето и пуштањето на Игралиштето Очекувани резултати се исполнуват со:
  • Зголемен број на деца со посебни потреби кои го користат игралиштето
  • Подобрени физички, когнитивни и социјални вештини кај сите деца
  • Зголемен број на заеднички актвности помеѓу децата
  • Унапредување и зајакнување на заедницата , во кусата презентација истакна г-ѓа Розета Арсовска, координатор за регионален развој во Центарот за развој на Скопски плански регион.
Како дел од работниот тим, целосно бевме вклучени во имплементацијата на проектот од негово започнување, па се до реализација. Интересот за користење на игралиштето е голем како од жителите на Општина Карпош, така и од жителите на нашата соседна Општина Ѓорче. Иако фати касна есен сепак посетеноста беше повеќе од очекувана и се надеваме дека ќе продолжи со тој интензитет и во пролетниот период од годината. Целата имплементација на овој проект би ја оценила за успешна и се надеваме на уште вакви успешни приказни во иднина. Благодарност до Центарот за развој на скопски плански регион, Швајцарската агенција за соработка и развој, Министерството за локална самоуправа и сите претставници од општините и невладиниот сектор кои активно беа вклучени во предходните форуми и придонесоа во реализацијата на овој проект, истакна г-ѓа Александра Теова, претставник од Општина Карпош. Центарот за развој на Скопски плански регион во следниот циклус на форуми кои треба да започне почетокот на месец фебруари, очекува уште поголем придонес на квалитетни и иновативни проекти кои ќе бидат во согласност со приоритетите и потребите на граѓанте на Скопски регион, додаде Раководителот на Ценатрот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски и им посака успешна работа на присутните.

Галерија

Четврта (последователна) сесија во рамките на Програмата „Регионални форуми на заедницата“

Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на 4-та (последователна) форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, во рамки на проектот„Одржлив и инклузивен регионален рамномерен развој“, што ќе се одржи на 27.01.2020 година, во хотел„Холидеј Ин“, со почеток во 10,30 часот.
На последователната сесија ќе биде даден преглед на форумскиот процес и имплементацијата на проектот „Изградба на инклузивно детско игралиште“ во општина Карпош, кој доби најголема поддршка од страна на учесниците на Регионалниот форум. Истовремено, ќе биде дадена информација и за реализацијата на  препораките, кои како предлог концепти беа развиени во рамките на форумскиот процес.
Спроведувач на проектот е Центарот за развој на Скопскиот плански регион, со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа на РСМ.
Партнер во реализацијата на проектот „Инклузивно детско игралиште“ е општина Карпош.
Програмата „Регионални форуми во заедницата“ има за цел да обезбеди широко партиципативно граѓанско учество во носењето  одлуки на локално и регионално ниво, во процесот за рамномерен регионален развој.

Одржана 15та Седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Советот за развој на Скопскиот плански регион ја одржа петнаесеттата седница на Скопскиот плански регион и воедно последната седница за оваа година. На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот плански регион. Приоритетните точки кои беа ставени на дневен ред, се однесуваа на усвојување на Акционен план за 2020  година за спроведување на Програмата на СПР, финансиски план и план за јавни набавки на Центарот за развој на Скопскиот плански регион за 2020 година. Дополнително на седницата се донесоа одлуки за преотстапување на објект – ,,Реконструкција на коловоз на улица Рилски конгрес, Локалитет Тасино Чешмиче, Општина Центар” и  објект “Инклузивно детско игралиште  во Општина Карпош”.
Присутните дискутираа и за активности кои се предвидени за во 2020 година.
Седницата се одржа во просториите на Град Скопје.
[foogallery id=”6890″]

14та седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион

Се одржа 14та седница на Советот за развој на Скопскиот плански регион. На оваа седница се избираа приоритетните проекти од Скопскиот плански регион, со кои Центарот за развој на Скопски плански регион во периодот кој следи ќе има обврска да ги достави до Бирото за регионален развој во рамките на програмата за 2020 година.
Многу предлог проекти, идеи од страна на присутните беа дискутирани, но Советот одлучи апликативни да бидат следниве:

  1. Реконструкција на дел од регионален пат с. Орман-општина Чучер Сандево ( L=480 )- Предлог од Општините: Ѓорче Петров, Чучер Сандево
  2. Изградба на пешачка патека од пругата на село Орешани и село Таор до граница на село Ржаничино, општина Петровец- Предлог од Општините: Зелениково, Петровец, Илиниден, Студеничани
  3. Транспортно средство-камион за миење на улиците за Општините Студеничани и Сопиште;
  4. Изградба на пешачка патека на R-102 (L=1200m) Предлог од Општините: Петровец, Гази Баба, Илинден
  5. Инфраструктурен и основен проект со ревизија на истиот, за фекална, атмосферска и водоводна мрежа за ул.3, ул.2 и за дел од улицата Индира Ганди до село Горно Оризарисо должина од 6400 м1 Предлог од Општините: Шуто Оризари, Бутел, Чучер Сандево , Град Скопје

Листата со приоритетни проекти,  Советот одлучи да се дополни и со 7 резервни проекти кои доколку има можност ќе се реализираат во истата година.
На оваа четиринаесетта седница на Советот за развој на Скопски плански регион, градоначалникот на Општина Гази Баба, г-дин Борис Георгиевски беше повторно избран за претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион.
Реизборот на претседателот беше едногласно усвоен од присутните градоначалници.
На крајот од седницата следеше куса презентација од страна на г-дин Оливер Вуксановиќ од Адвокатската Канцеларија Вуксановиќ за можноста за бесплатна правна помош во општините од Скопскиот регион.
[foogallery id=”6834″]

Завршен инвестициски проект „Инклузивно детско игралиште“

Во рамките на грантовата шема за поддршка на иновативни проекти, заеднички финансирани од Швајцарската агенција за развој и соработка, Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Центарот за развој на Скопскиот регион ја спроведува Акцијата „Одржлив и инклузивен регионален развој “.
Како резултат на проектната активност “Регионалните форуми на заедницата“, прозилезе предлог-проект за дизајнирање и изградба на „Инклузивно детско игралиште“ за деца од сите способности. Овој  предлог -проект е имплементирано од страна на Центарот за развој на Скопски плански регион.
Проектот “Инклузивно детско игралиште“ претставува пресликување на процесот на инклузијата во реалност преку создавање на сигурна и стимулативна заедница за прифаќање и соработка, создавање на простор каде децата со посебни потреби ќе се чувствуваат пријатно и слободно и директно ќе може да комуницираат со останатите деца со и без попреченост.
Инклузивните игралишта не дефинираат простор за игра, прифаќајќи го вистинското значење на вклученост и адаптивна игра. Преку игра, децата го осознаваат инклузивниот процес и ги отфрлат непотребните предрасуди кои се присутни помеѓу нив. Играта е важен фактор во животот на децата. Игралиштата можат да понудат многу можности за децата понатаму да ги развиваат физичките, когнитивните, сетилните и социјалните вештини. Инклузивниот дизајн вклучува баланс на искуства преку игра за градење на сите овие вештини, а истовремено промовираајќи позитивни социјални активности меѓу нив.
Самото игралиште е проектирано така што да создаде чувство на безбеднот и сигурност, а тоа е постигнато и со самиот стил, тип и намената наразличните видови на реквизитите, урбаната попрема и пропратните инсталации.  Игралиштето е со површина од 450м2, и е лоцирано до плоштадот Делфина во населбата Влае, општина Карпош.
Со изградбата на Инклузивното детско игралиште  се остварат цели на проектот кои се насочени кон дружење на децата и зајакнување на нивните физички и социјални вештини, истовремено потенцирајќи ги принципите на еднакви можности и вклучување.
Вкупната вредност на проектот изнесува изнесува 2.646.818,00 МКД од кои 2.458.803,00 МКД се од Министерство за локална самоуправа и Швајцараска агенција за развој, а 188.015,00 МКД се кофинасирање од општина Карпош.
[foogallery id=”6683″]

Успешно реализиран уште еден проект на Центарот за развој на Скопски плански регион

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Канцеларијата за развој на Обединети нации во Скопје (УНДП) со средства обезбедени од грантова шема преку проектот ,,Подобрување на општиснко владеење’’ овозможи реализација на проектот: ,,Набавка на возило за транспорт на лица со посебни потреби до основните училишта’’ во општина Сопиште.
Набавено e возило Renault Master сo капацитет 12+1 местo за лица со попреченост.
Проектот има за цел да ги исполни едукациските потреби на лицата со посебни потреби како и нивното активно вклучување во социјалниот живот.
Пaртнери во проектот се Општина Зелениково и Општина Студеничани кои исто така ќе имаат позитивно влијание од набавката на ваквото возило.
Вкупната вредност на овој проект изнесува 2.017.200,00 денари.
Раководителот на центарот за развој на Скопски плански регион, Г-дин Љупчо Кец Мицковски официјално го предаде возилото во владение на крајните корисници – Општина Сопиште.

Центарот за развој на Скопски плански регион доби награда за Најдобра регионална заедница за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа

Вториот Светски Конгрес на претприемачи се одржа во Скопје од 16-18.10.2019 со високо покровителство на Владата на Република Северна Македонија. На Вториот Светски конгрес на претприемачи се додели и Награда Global – Local  во неколку категории за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото  во Средна и Југоисточна Европа каде  Центарот за развој на  Скопскиот плански регион ја доби наградата за Најдобра регионална заедница за 2019 година. Наградата ја прими Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион,  Љупчо Кец Мицковски на свечениот настан за доделување на признанијата и награди, кој се одржа во Хотел Мериот во Скопје. Светскиот конгрес на претприемачи во Скопје собра повеќе од 800 претприемачи, институции, организации, инвентивни познавачи како и други чинители  посветени   на создавањето на нови вредности, продлабочувањето  на економски и сите други форми  на поврзување, свртени кон општата благосостојба и сигурна иднина во слободата. Од Светскиот Конгрес на претприемачи сметаат дека  сите заложби на чинителите  за подобрување на креативното ангажирање  и иновативни  форми во едно општество треба да бидат поздравени, вреднувани и наградени. За сите досегашни активности и работење, Центарот за развој на Скопски плански регион беше  награден заедно со други институции од Европа.
[foogallery id=”6608″]

Одржана дводневна регионална конференција на тема: Градење на функционално-просторни и економски структури за подобро интегрирање на урганите со руралните средини во Скопскиот плански регион

Конференцијата се одржува во рамките на проектот Одржлив и инклузивен рамноремерен регионален развој, финансиран од Министерството за локална самоуправа и швајцарската агенција за развој и соработка.
Темата на оваа конференција е од исклучително значење, бидејќи демографскиот диспаритет, предизвикан од миграцијата на населението од руралните во урбаните населби, како и миграцијата од другите региони, придонесе кон огромна промена во просторно-урбанистичкиот и функционален раст на Скопскиот плански регион.
Урбаните општини се соочени, не само со демографски, туку и со економски, градежен и социјален притисок, додека во руралните средини се соочуваме со депопулација, недостиг на основна инфраструктура и осиромашување.
Ваквите промени имаат негативно влијание на развиеноста на општините во Скопскиот регион, кој се помалку наликува на економска и функционлан средина, а рамномерниот регионален и одржлив развој ја достигнува критичната точка.
Притисокот во урбаните општини, особено во централното подрачје на скопскиот регион, е огромен и тие се соочуваат со пренаселеност, сообраќаен хаос, градежна експанзија, еколошки поблеми, узурпација на јавни површини и друго, заради што не можат да одговорат на реалните потреби на граѓаните,
И во услови кога нема проектирано планирање за се поголемата концетрација на жители, во прашање е доведен не само просторниот развој, туку и економско-социјалниот одржлив развој.
Наспроти ваквата состојба во урбаните средини, во руралните општини, се соочуваат со депопулација, економска стагнација, неизградена инфраструктура, немање услови за развој на бизнис, нови работни места, но и за квалитетен културен и социјален живот.
Општините обично немаат развојни планови, меѓу кои и соодветни ГУП-ови и ДУП-ови, со развојна компонента и прилагодени на потребите на населението и потенцијалните инвеститори. Заради тоа, просторот, не ретко, стихијно се узурпира и се гради неплански, а во прашање се доведува заштитата и одржувањето на заштитени подрачја и природното и културно богатство.
Преставници од Министерството за локална самоуправа, градоначалници, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за планирање на просторот, градежната комора, бизнис секторот, катастарот, беа дел од панелистите кои дискутираа за законската регулатива, развојните планови, дисбалансот помеѓу јавниот интерес и бизнисот, еколошките последици и слично.
Исто така беа вклучени и професори од науката со своите истражувања и анализи, какао и странски експерти и реномирани компании кои својот придонес го дадоа преку нивните презентации.
Од оваа конференција очекуваме релевантни и конкретни заклучоци за намалување на развојните диспаритети на локалните заедници, но и за усогласен и рамномренен развој на целиот регион.
Се надеваме дека препораките кои беа упатени ќе претставуваат визија за идната стратегија за рамномерен регионален развој, кој на Скопје ќе му обезбеди растоварување од урбанистичкиот притисок, а на руралните општини забрзан развој.
Тоа ќе влијае и на овозможувањето на еднакви услови за живот на сите граѓани од регионот и неговата економска, социјални и еколошка одржливост.
[foogallery id=”6452″]