Одредени приоритетните области и подобласти на Скопскиот плански регион

Во рамките на програмата „Регионални форуми во заедницата“ беше спроведено електронско истражување врз чија основа се одредени приоритетните области и подобласти на Скопскиот плански регион. Граѓаните ги идентификуваа и најприоритетните проблеми и предизвици со кои се соочуваат и за кои ќе бидат изготвени концепт решенија и предлог проекти за чија реализација ќе се бара поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој на Бирото за регионален развој (БРР) и Министерството за локална самоуправа (МЛС).
Во електронската анкета учествуваа 86 граѓани од различни општини, институции и организации, кои како приоритетни области и подобласти ги одбраа:

  • Прворангирана област „Подобрен квалитет на животната средина во Скопскиот регион“

Подобласти:

  1. Климатски промени и заштита на воздухот (Намалување на загадувањето на воздухот;Одржливо користење на енергија; Гасоводна дистрибутивна мрежа)-прворангирана подобласт
  2. Комунална инфраструктура (Развој на системите за водоснабдување; Подобрување на системите за одведување и прочистување на отпадните води и развој на системи за одведување на атмосферските води; Регионално управувањето со отпад)-второрангирана подобласт
  • Второрангирана област „Развиен човечки капитал кој одговара на потребите на пазарот на труд и подобрена здравствена и социјална заштита“

Подобласти:

  1. Зголемување и подобрување на здравствената и социјалната заштита(Подобрување на условите за престој во образовните институции за лица со посебни потреби; Поддршка за отворање градинки и домови за стари лица; Подобрување на условите за движење на лицата со посебни потреби)- прворангирана подобласт
  2. Зголемување на капацитетите во образовниот сектор (Подобрување на комуникацијата помеѓу образовните институции и приватниот сектор; Поддршка и стимулирање на талентирани деца)- второрангирана подобласт. 

Регионалниот форуми во заедницата го реализира Центарот за развој на Скопскиот плански регион (ЦРСПР), со поддршка на МЛС и Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).
Прилог: Извeштај од електронско гласање

Одржана прва работилница за изработка на програмата за развој на Скопски плански регион 2020-2024

Изработката на Програмата за развој на Скопски плански регион 2020-2024, како еден од најважните стратешки документи, е од огромно значење за Скопскиот плански регион. За таа цел денес во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, финасиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка се одржа Првата регионална работилница на која поканети беа и присиствуваа преставници од Минстерствата, преставници од бизнис секторот, стопанските комори,преставници од  невладиниот сектор и преставници од општините. Во Првиот дел од работилницата Г-ѓа Наташа Амдију, координатор на UN Women , одржа презентација “Родово одговорно буџетирање за рамномерен регионален развој“ и ја престави потребата за родово одговрен пристап во поставување на стратешките приоритети и буџети, земајќи ја во предвид различната положба на жените и мажите и различните пречки со кои тие се соочуваат. Работилницата продолжи со презентација од страна на лидерот на експертскиот тим , г-ѓа Светлана  Петревска која имаше можност да ги претстави клучните наоди од секторските анализи кои се изработија во изминатиот период.  Изработката на SWOT анализи – по определените тематски/приоритетни области за изработка на програмата се неизбежни. Во таа насока активно беа вклучени присутните, со размена на идеи и предлози, дискусија со  визија и насоки во кои би требало да се развива Скопскиот плански регион за да може да израсне во еден препознатлив , конкурентен регион, кој е  подготвен да одговори на предизвиците на едно модерно дигитално време.

Галерија

Одржана работилница за поврзување на заедницата за зајакната социјална инклузивност во регионалниот развој

Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, започнува со реализација  на активноста “Развивање капацитети за социјална инклузија во регионалниот развој“. Активноста има за цел да ги зајакне капацитетите за идентификација, подготовка и имплементирање на регионалните развојни проекти особено во однос на ранливите и социјално исклучените групи во општеството.
За таа цел во хотел Арка се Одржа работилница за поврзување на заедницата за зајакната социјална инклузивност во регионалниот развој. На работилницата преку презентација на локален експерт беше претставен начинот на изработка на социјално инклузивни проекти за регионален развој, што се треба да содржи, поврзаноста на социјалната инклузија и регионалниот развој како и локалната и регулативата на Европска Унија и сл.
Во рамки на овој настан, на вработените од центарот за развој на Скопски плански регион им беа врачени сертификати за реализирана обука на тема: “Развивање капацитети за социјална инклузија во регионалниот развој“.

Галерија

Одржана воведна консултативна средба за изработка на Програма за развој на Скопскиот плански регион (2020 – 2024)

Одржана воведната консултативна средба за  изработка на Програмата  за развој на Скопскиот плански регион 2020 – 2024  во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  во организација на Центар за развој на Скопски плански регион, финансирано од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
[foogallery id=”7419″]

Програмата  за развој на Скопскиот плански регион 2020 – 2024

Текст: Центарот за развој на Скопски плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, почнува со изработка на Програмата  за развој на Скопскиот плански регион 2020 – 2024.

Во рамките на предвидената Воведна консултативна средба ќе биде претставен процесот на изработка на Програмата за развој, вклучувајќи ги проектната задача, целите и очекуваните резултати, содржината на програмата, методологијата на изработка, временската рамка и сл. Во текот на изработка на Програмата за развој на Скопскиот плански регион ќе бидат опфатени следниве методолошки целини: демографски развој, економски карактеристики, пазар на работна сила, социјален развој, инфраструктура, подрачјата со специфични развојни потреби.

Со цел да се обезбеди сеопфатна презентација на тематските содржини, и да се добијат конзистентни податоци за нив, ќе бидат реализирани секторски анализи. Истите ќе помогнат да се утврди постојното ниво на развиеност на Скопскиот плански регион, и понатамошните развојни потреби.

Одржана XVIII (осумнаесеттата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Во просториите на Стопанска Комора на Македонија на ден 14.09.2020 година се одржа XVIII (осумнаесеттата) Седница на Советот  за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвивше согласно дневниот ред:

  1. Усвојување на Дневен ред на Седницата.
  2. Усвојување на записникот од XVII (седумнаесетата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
  3. Информација за изработка на нов стратешки документ – Програма за развој на Скопски плански регион 2020-2024;
  4. Презентација во рамки на Проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка на тема: Социјална инклузија во регионалниот развој.
  5. Информација за новиот четврти повик за Прекугранична соработка – Република Северна Македонија и Република Косово;
  6. Одлука за преотстапување на објект:,,Реконструкција на регионален пат од с.Орман (општина Ѓорче Петров) до општина Чучер Сандево”.
  7. Разно.

Покрај градоначалниците од Скопскиот регион и нивните преставници, на XVIII (осумнаесеттата) Седница на Советот  за развој на Скопски плански регион присуствуваше и Претседатолот на Стопанска Комора на Македонија, г-дин Бранко Азески кој даде кусо излагање за поврзаноста на бизнис заедницата и општините во целост.  Согласно четвртата точка од дневниот ред беше направена презентација за проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка од страна на преставници од Швајцарската агенција за развој и соработка. Не беше изоставена ниту информацијата за новиот четврти повик за Прекугранична соработка – Република Северна Македонија и Република Косово од страна на преставник од ЗТС антена- канцеларија, Куманово.
[foogallery id=”7350″]

Реконструкција на регионален пат од с.Орман (Општина Ѓ.Петров) до Општина Чучер Сандево

Центарот за развој на Скопски  плански регион во месец август го реализираше проектот “од Реконструкција на регионален пат од с.Орман (Општина Ѓ.Петров) до Општина Чучер Сандево”.  Проектот е финансиран Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален развој од Програмата за развој на планските региони за 2020год, а кофинансиран од општина Ѓорче Петров. Партнери на проектот се општините: Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Шуто Оризари.
Целта на проектот е подобрување на условите за социо-економскиот развој и квалитетот на животот на жителите на Општина Ѓорче Петров- с.Орман, Чучер Сандево и Шуто Оризари со што ќе се овозможи непречено функционирање на општините со  градот Скопје и Скопскиот регион.  Создавање услови за рамномерен развој и намалување на диспаритетите помеѓу урбаните и руралните средини во општините со седиште во град, а воедно и превенција на  понатамошна миграција на локалното население на релација село-град. Патот кој се реконструеираше е во должина  од Л=480м.
Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Скопски  плански регион, а вкупниот буџет на проектот изнесува 3.521.013,00мкд.
[foogallery id=”7129″]

Потпишан Договор за финансиска поддршка со Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Центарот за развој на Скопски плански регион потпиша Договор за финансиска поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за мерка 321, Развој на јавна инструктура во рурални средини подмерка 321.6, Инвестиции во објекти со опрема за домови за деца и млади , домови на култура во населени места во рурални средини, врз основа на Програма за финансиска поддршка на рурален развој за 2018 година. Вкупната одобрена вредност на инвестицијата изнесува 6.458.197,00 мкд. Се работи за проект: Изградба на Дом на Културата во населено место Сопиште кој е предвиено  да заврши кон крајот на 2020 година.

Галерија

Одржан состанок за проектот “Реконструкција на регионален пат од с.Орман (општина Ѓ.Петров) до општина Чучер Сандево”

Одржан состанок, воведување во работа за проектот “Реконструкција на регионален пат од с.Орман (општина Ѓ.Петров) до општина Чучер Сандево”.  Проектот е финансиран од Министерство за локална самоуправа/Биро за регионален развој од Програмата за развој на планските региони за 2020год, а кофинансиран од општина Ѓорче Петров. Целта на проектот е подобрување на условите за социо-економскиот развој и квалитетот на животот на жителите на с.Орман, Чучер Сандево и Шуто Оризари со што ќе се овозможи непречено функционирање на општините со  градот Скопје и Скопскиот регион.  Создавање услови за рамномерен развој и намалување на диспаритетите помеѓу урбаните и руралните средини во општините со седиште во град, а воедно и превенција на  понатамошна миграција на локалното население на релација село-град. Патот кој ќе се реконструеира е во должина  од Л=480м. Имплементатор на проектот е Центарот за развој на Скопски  плански регион со вкупен буџет од 3.521.013,00мкд.

Галерија

Покана за втора форумска сесија

Центарот за развој на Скопскиот плански регион Ве поканува на втората форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, што ќе се одржи на 20 февруари (четврток) 2020 година, со почеток во 11 часот, во Стопанска комора на Македонија – Конгресна сала.
Целта на втората форумска сесија е презентација и развивање на предлог концептите за подобрување на социјалната инклузија во Скопскиот плански регион, по предлозите и проектните идеи дефинирани од страна на учесниците како приоритетни во текот на првата форумска сесија.
Форумскиот процес се реализира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, со поддршка на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка.
За Скопскиот регион е предвиден грант од 80.442 швајцарски франци, со кои ќе биде поддржана имплементацијата на еден од трите предлог проекти, кои учесниците ќе ги приоретизираат како проекти со најголемо регионално значење и најголемо влијание врз социо-економскиот живот на граѓаните од овој регион.
Програмата „Регионални форуми во заедницата“ е модел на партиципативно граѓанско учество во донесувањето одлуки на регионално ниво, градење на партнерства и капацитети за рамномерен регионален развој и граѓански придонес во развојот на заедницата.
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ЗАЕДНИЦАТА!
ДАДЕТЕ ПРИДОНЕС ЗА ИНКЛУЗИВНО И ИНТЕГРИРАНО ОПШТЕСТВО!
Pokana za vtora forumska sesija