Одржана ХХ (дваесеттата) Седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

На ден 14.12.2020 година со почеток во 12ч. се одржа ХХ (дваесеттата) онлајн Седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Седницата се одвиваше согласно дневниот ред:
  1. Усвојување на Дневен ред на Седницата.
  2. Усвојување на записник од XIX (деветнаесетта) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион.
  3. Предлог – Одлука за утврдување на приоритетна листа на проекти за аплицирање до МЛС/Биро за регионален развој
  4. Информација за странска инвестиција во врска со склучен Меморандум за соработка помеѓу ЦРСПР и МАТТО.
  5. Предлог – Одлука за носење на внатрешни документи, процедури и политики
    1. Кодекс на етика
    2. Политика за спречување перење пари и финансирање на тероризам
    3. Политика за нула толеранција за измама
    4. Политика за еднакви можности
    5. Политика за спречување на корупција и судир на интереси
    6. Политика за животна средина и социјални аспекти
    7. Процедура за спроведување на јавни набавки
  1. Информација за Програмата за развој на Скопски плански регион 2020/2024.
  2. Одлука за преотстапување на објект:,,Спорт за сите, здравје за сите!-Изградба на иновативно мултифункционално игралиште во Општина Сарај, с.Кодново”
  3. Разно.
На седницата присуствуваа градоначалниците од Скопскиот регион, г-дин Шахпас Молалиев, МАТТО и претставник од компанијата УЛКЕР ОКЕАН, г-дин Дарко Трајковски.

Галерија

Презентација на резултати од спроведениот регионален форум во заедницата

Центарот за развој на Скопски плански регион , денеска одржа онлајн сесија на која беа презентирани резултатите од Регионалните форуми на заедницата за идентификација на предлог-проекти за финансирање преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој (МЛС/БРР).
На конференцијата присуствуваа над 20 учесници кои претставуваат институции,  општини, невладини организации, бизнис секторот како и академската фела кои земаа учество на Регионалните форуми на заедниците.
На сесијата модераторот, Жаклина Цветковска, ги презентираше активностите кои беа превземени за време на форумскиот процес како и резултатите од идентификацијата на стратешки приоритети, проблеми/потреби, приоретизирање на концепт решенијата и подготовката на предлог проекти.
Презентација на предлог проектите подготвени од страна на надворешниот консултант ги презентираше проф. Светлана Петревска.  Консултантот ги нагласи продобивките од користење на Регионалните форуми на заедницата, како нова алатка, за поголема граѓанска партиципативност со која која се искажуваат потребите и приоритетие на граѓаните во Скопскиот плански регион.
Регионалните форуми во заедницата се спроведуваат со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот„Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2017-2020“.

Завршена реализација на проектот,,Изградба на потпорни ѕидови и плоча од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, Општина Гази Баба -I фаза”

Центарот за развој на Скопски плански регион заврши со реализација на проектот,,Изградба на потпорни ѕидови и плоча од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, Општина Гази Баба -I фаза” кој е во партнество со општините Гази Баба и Арачиново.
Проектот се однесува на изградба на потпорни ѕидови и плоча за уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ кој е целосно во функција на граѓаните корисници на објектот.
Со реализација на проектот се овозможи уредување и регулирање на дел од каналската мрежа во регионот,  заштита на водните ресурси и почвата, намалување на ризиците за штети што ги имаат жителите на целиот регион, и со самото тоа се отвораат нови можности за изградба на плоштад, модерна автобуска постојка како и паркови за рекреација.
Вредноста на проектот изнестува 5.458.720,00 денари. Средствата ги обезбеди Бирото за регионален развој /Министерство за локална самоуправа и Општина  Гази Баба.
[foogallery id=”7776″]

Вовед во работа

Центарот за развој на Скопски плански регион започна со реализација на активностите од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”. Во рамките на проектот ќе се постават 5 паметни клупи, урбана опрема и зеленило и ќе се спроведат едукативни работилници. Проектот ќе се спроведува на три локации во Општина Центар (Сквер Јадран, ул. Наум Наумовски Борче), Општина Карпош (Зоолошка Градина – Скопје) и Општина Кисела Вода ( Парк Шопен). Партнер во проектот со Центарот за развој на Скопски плански регион е Здружението “Go Green – Гоу Грин” во соработка со трите наведени општини. Проектот е финансиран од грантовата шема на иновативни проекти на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа на Р. С. Македонија.

Вовед во работа за проектот “Еко иновативни зони за почист воздух” Центарот за развој на Скопски плански регион започна со реализација на активностите од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”. Во рамките на проектот ќе се постават 5 паметни клупи, урбана опрема и зеленило и ќе се спроведат едукативни работилници. Проектот ќе се спроведува на три локации во Општина Центар (Сквер Јадран, ул. Наум Наумовски Борче), Општина Карпош (Зоолошка Градина – Скопје) и Општина Кисела Вода ( Парк Шопен). Партнер во проектот со Центарот за развој на Скопски плански регион е Здружението “Go Green – Гоу Грин” во соработка со трите наведени општини. Проектот е финансиран од грантовата шема на иновативни проекти на Швајцарска Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа на Р. С. Македонија.

[foogallery id=”7747″]

Центарот за развој на Скопски плански регион го иницираше потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Совет за развој на Скопски плански регион и Стопанска комора на Македонија – Турција – МАТТО

Меморандумот предвидува зајакнување на соработката меѓу општините од Скопскиот регион и Република Турција во делот на социјалниот развој, инфраструктурата, туризмот, културата, животната средина, земјоделството и руралниот развој. Исто така предвидува и зајакнување на соработката меѓу компаниите од Скопскиот плански регион и компаниите од Стопанска комора на Македонија – Турција – МАТТО. Со цел спроведување на одредбите од меморандумот, во периодот што претстои ќе се интензивираат средбите помеѓу ЦРСПР и МАТТО во насока на овозможување на инвестиции во општините од Скопскиот плански регион

Одржана XIX (деветнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

На ден 24.11.2020 година, со почеток во 11.00 часот поради моменталната состоја со КОВИД 19, онлајн се одржа XIX (деветнаесетта) по ред  седница на Советот за развој на Скопски плански регион.
Седницата се одвиваше согласно точките од дневниот ред:

  1. Усвојување на записникот од XVIII (осумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион
  2. Презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот Одржлив и инклузивен развој – надворешен експерт од Таргет Комуникација
  3. Информација за потпишување на Меморандум за соработка со МАТТО
  4. Предлог-Одлука за преотстапување на објект за проектот “Изградба на потпорни ѕидови и плоча во должина од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, општина Гази Баба I фаза”
  5. Разно.

Во  обраќањето  Претседатеолот на Советот за развој на Скопски плански регион, г-дин Борис  Горгиевски нагласи дека изборот на проектите кои аплицираат за искористување на средства достапни преку програмата за регионален развој на БРР/МЛС, оваа година е подржан и од Швајцарската агенција за развој и соработка, со воведување на Регионални Форуми на заедницата. Наместо досегашниот избор од страна на Своетот на Планскиот регион, оваа година идентификација и приоритизација на проектите се врши преку нова алатка т.е. Регионални форуми на заедницата на кои беа поканети и присуствуваа претставници од  општините, невладините  организации, бизнис заедницата , стопанските комори и граѓанскиот сектор. Главна цел на овој инструмент е зголемено граѓанско учество, но исто така и зајакнување на принципите на добро управување кои се значајни за демократизацијата на планскиот регион.  Исто така идентификацијата и приоритизацијата на Концептните решенија за кои ќе се направат предлог-проекти и со кои ќе се аплицира за средства од МЛС/БРР треба да бидат од регионален карактер и со реални буџетски барања односно во рамките на предвидените вкупни средства на Скопскиот плански регион.
Од страна на професор Светлана Петровска, надворешен експерт од Таргет Комуникации, беше направена целосна презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата и тоа:

  1. Изработка на катастар на загадувачи
  2. Реконструкција на канал за наводнување с.Орман-Ѓорче Петров
  3. Изработка на фекална канализациона мрежа с.Орман-Ѓорче Петров
  4. Мапирање на велосипедска и пешачка патека со поставување на вертикална сигнализација – Кучково,Ѓорче Петров
  5. Изработка на техничка документација за кејско уредување на брегот на Маркова река, како и уредување на коритото во должина од 10 км -Kисела Вода
  6. Дневен центар за лица со интелектуална и телесна попреченост- Гази Баба
  7. Интервентно сместување ан деца и возрасни со попреченост – ЈУ Завод за рехабилитација
  8. Основен проект за реконструкција на ОУ С.Кучково – Ѓорче Петров
  9. Отварање на работилница за работна интеграција за социјална инклузија и олеснет пристап до пазар на труд на социјално ранливи групи на граѓани -Црвен Крст на град Скопје и општина Карпош
  10. Центар за работа со талентирани ученици од основните училишта во Општините Центар, Кисела Вода и Карпош
  11. Рехабилитација на дел од улица Александар урдаревски во КО Горно и Долно Оризари – Шуто Оризари
  12. Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода
  13. Изработка на физибилити студија за повеќенаменски хидросистем Кадина Река – Гумалево, Зелениково

Истите беа разгледани и дискутирани од страна на присутните градоначалници, членови на Советот за развој на Скопски плански регион.
[foogallery id=”7725″]

Одржана XIX (деветнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

На ден 24.11.2020 година, со почеток во 11.00 часот поради моменталната состоја со КОВИД 19, онлајн се одржа XIX (деветнаесетта) по ред  седница на Советот за развој на Скопски плански регион. Седницата се одвиваше согласно точките од дневниот ред:
  1. Усвојување на записникот од XVIII (осумнаесетта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион
  2. Презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата, за финансирање од страна на МЛС и БРР, а во рамките на проектот Одржлив и инклузивен развој – надворешен експерт од Таргет Комуникација
  3. Информација за потпишување на Меморандум за соработка со МАТТО
  4. Предлог-Одлука за преотстапување на објект за проектот “Изградба на потпорни ѕидови и плоча во должина од 100 метри преку делумно уредување и покривање на каналот во село Синѓелиќ, општина Гази Баба I фаза”
  5. Разно.
Во  обраќањето  Претседатеолот на Советот за развој на Скопски плански регион, г-дин Борис  Горгиевски нагласи дека изборот на проектите кои аплицираат за искористување на средства достапни преку програмата за регионален развој на БРР/МЛС, оваа година е подржан и од Швајцарската агенција за развој и соработка, со воведување на Регионални Форуми на заедницата. Наместо досегашниот избор од страна на Своетот на Планскиот регион, оваа година идентификација и приоритизација на проектите се врши преку нова алатка т.е. Регионални форуми на заедницата на кои беа поканети и присуствуваа претставници од  општините, невладините  организации, бизнис заедницата , стопанските комори и граѓанскиот сектор. Главна цел на овој инструмент е зголемено граѓанско учество, но исто така и зајакнување на принципите на добро управување кои се значајни за демократизацијата на планскиот регион.  Исто така идентификацијата и приоритизацијата на Концептните решенија за кои ќе се направат предлог-проекти и со кои ќе се аплицира за средства од МЛС/БРР треба да бидат од регионален карактер и со реални буџетски барања односно во рамките на предвидените вкупни средства на Скопскиот плански регион. Од страна на професор Светлана Петровска, надворешен експерт од Таргет Комуникации, беше направена целосна презентација на Концепт решенија за предлог проекти, произлезени од Регионалните форуми на заедницата и тоа: