Јавен повик за превоз и сместување на ученици и придружни лица во Германија

за потребите на Центар за развој на Скопски плански регион за имплементација на проектот Поттикнување на претприемништво со подобрени вештини преку иновативно учење под програмата на ЕРЗМУС+ КА1 Мобилност за учење и индивидуи 

ОБЈАВЕН: 16.08.2021

КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА: 20.08.2021

Потпишан Договор со Центар за развој на Скопски плански регион по Програмата за Капитални субвенции

Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски присуствуваше на денешната средба во Министрерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде беа потпишани договори со планските региони по Програмата за Капитални субвенции. Согласно овој догоговор Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со Општина Ѓорче Петров во текот на 2021 година ќе го реализира проектот: ‘’Тампонирање на пристапен пат до обработливи површини помеѓу с.Орман и с.Никиштани, Општина Ѓорче Петров, со должина од 2.000 метри’’. Вкупната висина на одобрени средства од страна на Министрерството за земјоделство, шумарство и водостопанство изнесува 1.858.500 денари.

Галерија

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

УНДП во соработка со Бирото за регионален развој објавува повик за доставување апликации за грантови, во рамки на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.

За потребите на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“, канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува повик за проекти за меѓуопштинска соработка (МОС).

Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.

Целта на повикот за проекти е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните. Дополнително, со цел да се подржи најавеното подобрување на целокупната законска рамка за МОС, преку воспоставување, функционирање и анализа на постигнатите резултати на иновативни модели на МОС, ќе се придонесе кон подготовка на сеопфатна оценка за можноста за проширување на постоечкиот број на облици на МОС како и измена и дополна на другите релевантни елементи на Законот.

Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:

  • финансиско управување,
  • заштита на животната средина,
  • транспортот,
  • намалување на ризикот од катастрофи и
  • други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.

Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин. Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.

Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 9 (девет) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 350.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина од 30.000 до 50.000 УСД (изразени во МК денари). Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следните веб страници можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет како и потребните документи поврзани со пополнување на Индексот за општински развој:

Пријавите се примаат најдоцна до 13 август 2021 година, до 14:00 часот. Ниедна пријава нема да биде примена по истекот на рокот. Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 19 до 23 јули 2021 година, ќе се оддржат 8 инфо сесии на ниво на планските региони.

Симнете ги потребните документи

Одржана XXIV (двaесет и четвртта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Денес во присуство на мнозинство градоначалници од Скопскиот регион на онлајн платформата ЗУМ се одржа XXIV (двaесет и четвртта) седница по ред на Советот за развој на Скопски плански регион. Со детално разгледување и едногласно одлучување од страна на присутните дневниот ред беше во целост одобрен и усвоен и тоа: – Информација за аплицирана концептна апликација за повикот: Програма за погранична соработка Косово – Република Северна Македонија под ИПА II 2017 и 2018; – Информација за аплицирани целосни апликации во програмата ЕРАЗМУС+програма КА220 Партнерства за соработка во стручното образование и обука – Информација за поднесена апликација во Министерство за земјоделие, шумарство и водостопанство – Програмата за капитални субвенции за развој на планските региони во областа на земјоделството и руралниот развој. – Информација за општинско корисна работа од аспект на ангажирање на образовни асистенти во средно образование -УНДП – Информација за Основачи акт на ЦРСПР – Усвојување на Деловник за работа на Советот на СПР – Усвојување одлука за кофинансирање на работите на ЦРСПР – Преотстапување на објект:”Реконструкција на пристапен пат до месноста викана Аџево” во владение на Општина Кисела Вода. Повеќето од информациите беа пренесени од страна на тимот вработен во Центарот за развој на Скопски плански регион. По основ на точката поврзана за општинско корисна работа од аспект на ангажирање на образовни асистенти во средно образование на покана на Центарот за развој на Скопски плански, во куса презентација, придонес дадоа преставници од канцеларијата на УНДП, Г-ѓа Зарина Рамиќевиќ , Г-ѓа Снежана Мирчевска Дамјановска.

Одржана XXIII (двaесет и третатта) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

На ден 28.04.2021 година се одржа XXIII (двaесет и третатта) седница  на Советот за развој на Скопски плански регион. Седницата се одржа согласно  дневениот ред:
  1. Усвојување на Дневен ред на Седницата.
  2. Усвојување на записник од XXII (дваесет и втора) Седница на Совет за развој на Скопски плански регион.
  3. Усвојување на Програма за развој на Скопски плански регион 2021/2026 година.
  4. Усвојување на Акционен план за 2021 година за спроведување на Програма за развој на Скопски плански регион.
  5. Информација за новиот Закон за рамномерен регионален развој.
  6. Разно
Со седницата раководеше Претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион г-дин Борис Георгиевски, градоначалник на Општина Гази Баба. Присутни беа и Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион Г-дин Љупчо Кец Мицковски, вработените во центарот,  како и мнозинството од градончалници кои го сочинуваат Советот за развој на Скопски плански регион и кои едногласно го разгледаа и усвоија дневниот ред.

Одржана XXII (двaесет и втората) седница на Советот за развој на Скопски плански регион

Денес се одржа XXII (двaесет и втората) по ред седница на Советот за развој на Скопски плански регион.

Со седницата раководеше зам. претседателот на Советот за развој на Скопски плански регион Г-дин Александар Наумоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров и Раководителот на Центар за развој на Скопски плански регион г-дин Љупчо Кец Мицковски.

Седницата се одвиваше согласно точките од дневниот ред кои редоследно и едногласно беа усвоени. Меѓу нив се усвои и Годишен Извештај за работењето на Центар за развој на Скопски плански регион за 2020 година, Годишен Извештај за спроведување на Програмата за развој на Скопски плански регион за 2020 година и Финансиски Извештај за работење на ЦРСПР за 2020 година.

На седница покрај градоначалниците од Скопскиот регион присуствуваа и претставници од три средни училишта АСУЦ Боро Петрушевски, СГГУ Здравко Цветковски и СУГС Браќа Миладиновци со кои Центар за развој на Скопски плански регион ќе потпише Договор за соработка  во врска со реализација на проектот ,,Поттикнување на претприемништвото со подобрени вештини преку иновативно учење” од програмата на Еразмус + КА1 Мобилност на ученици во стручното образование и обука од НА во реализација на активности за практична обука со  8 ученици и 1 наставник придружнo лице во ВИТАЛИС (VITALIS Betreuungsgesellschaft für Modellprojekte mbH), Германија.

Се донесе и Одлука за преотстапување на објект за проектот:,,Изградба на пешачка патека од пругата на село Орешани и село Таор до границата на село Ржаничинo, Општина Петровец”, кој во јануари 2021 година беше целосно завршен.

Завршни активности од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”

Центарот за развој на Скопски плански регион во соработка со  Здружението “Go Green” , ги презентираа завршните активности од проектот “Еко иновативни зони за почист воздух”, финансиран од Швајцарска агенција за развој соработка и Министерство за локална самоуправа на Р.С.Македонија, во рамките на проектот “Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој”. На средбата приствуваше Раководителот на Центарот за развој на Скопски плански регион ,Љупчо Кец Мицковски, заедно со  Амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Н.Е. г-ѓа Сибил Сутер Техада, Министерот за локална самуправа на Р.С.Македонија, Горан Милевски и Горјан Нацевски од Здружението “Go Green”. Сите чинители во проектот изразија големо задоволство за имплементацијата на овој проект, кој ќе допринесе за почист воздух и заштеда на електрична енергија, а воедно ќе  поттикне еколошко однесување кај граѓаните, особено кај младите луѓе. Раководителот на Центарот за развој Скопски плански регион, Љупчо Кец Мицковски, истакна дека овој проект е изгласан на партиципативен начин  со учество на претставници од граѓанскиот сектор, општините, бизнис секторот и образовните институции. Тој се заблагодари кон Здружението “Go Green”, како и кон општините-партнери во проектот: Градот Скопје, Општина Центар и Општина Кисела Вода. Граѓаните во Градот Скопје и сите посетители, веќе имаат можност да ги користат 5те паметни клупи во трите општини на следните локациите:
  • Ул. Наум Наумовски Борче во Општина Центар,
  • Зоолошка Градина- Скопје  и
  • Парк Шопен во Општина Кисела Вода.

Завршен проектот ,,Изградба на пешачка патека во с. Петровец, траса по пат Р1102

The project "Construction of a pedestrian path in the village. Petrovec, route along the road R1102" is completed

The Center for Development of the Skopje Planning Region successfully implements another project, “Construction of a pedestrian path in the village of Petrovec, route R1102 in the Municipality of Petrovec in partnership with the municipalities of Gazi Baba and Ilinden.
The development of this project enables the improvement of transport and development of transport and communication infrastructure and improvement of mobility.
The greater connection between the settlements of the Municipality of Petrovec, the Municipality of Ilinden and the Municipality of Gazi Baba, and the safe and flowing road route on part of the road R1102 is a significant improvement in the quality of life of the inhabitants of all three municipalities.
The funds for the project are provided by the Bureau for Regional Development / Ministry of Local Self-Government and are worth 6,358,052.00 denars.
[foogallery id=”7973″]