Skip to content

Одржана работилница за Вториот јавен повик „Локална и регионална конкурентност“ (ПЛРК)

ДАТУМ

март 19, 2018

Категории

Со  објавувањето на Вториот јавен повик за изразување на интерес за “Инвестиции на подгрантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзување во дестинациите”, кој е објавен од страна на Единицата за спроведување на проектот за “Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), а финансиран од страна на Европска унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПАII), Центарот за развој на Скопски плански регион организираше работилница на која беа поканети претставници од општините на Скопскиот регион.
Целта на оваа работилница е согледување на потребите и приоритетите на општините во Скопскиот регион, со цел да се изнајдат најконкурентните и најсоодветните проекти со кои општините во партнерство со Центарот за развој на Скопски плански регион ќе можат да аплицираат на повикот, a од  чии резултати би произлегла придобивка за целиот Скопски регион.
Главна цел на Проектот за локална и регионална конкурентност е да се зајакне придонесот на туризмот и локалниот економски развој и да се унапредат капацитетите на Владата и државните институции со цел да се поттикне развојот на туризмот и да се олесни управувањето со дестинации.
По презентацијата се разви дискусија и предлози за можни проекти со кои би можело да се аплицира.
Во прилог линк за повикот: http://www.lrcp.mk
[foogallery id=”3911″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy