Skip to content

Манифестација "Промотивни денови на планските региони во Република Македонија" под мото "Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина"

ДАТУМ

октомври 21, 2010

Категории

На 26.06.2010 година на плоштадот Македонија се одржа претставуањето на Скопскиот регион на манифестацијата “Сакај ја Македонија, уживај во својата татковинa“.
Со Проектот беше предвидено секоја од општините, во рамките на својот регион, да ги претстави своите административни, урбанистички, стопански, комунални, инфраструктурни, културни и останати достигнувања што ги има реализирано во периодот од започнувањето на процесот на децентрализација(од јули 2005 година) до сега. Општинската администрација, предводена од градоначалникот на секоја општина, ги запознаваа заинтересираните граѓани за сето она што го реализирала со цел успешно спроведување на своите надлежности добиени со децентрализацијата на власта. На манифестацијата, се презентираа и културните и историските знаменитости, туристичките можности, традиционалните занаети и специјалитетите на македонската кујна карактеристични за Скопскиот регион. Бројните презентации беа, ,,освежени“ и со низа културно-уметнички претставувања од богатата ризница на народниот и забавниот македонски мелос.
Сценариото беше поделено на неколку уметнички блокови. Настапија пеачи од забавната и народната музичка сцена, меќу кои Ламбе Алабаковски, Елена Ристевска, Зоран Џорлев, Дарко Илиевски, Тања Лазаровска и други. Од КУД се претставија “Григор Прличев”, “Дрита Дервен”, “Зелениковско оро”, “Ибе Паликуќи”, Руското КУД “Славјанка”, Словенечкиот хор и др. На штандовите од бизнис секторот присуствуваа винариите “Винар” и “Сковин”; компаниите Лапласт, Кенди, Горење, УКА, Тинекс. Посетителите имаа можност да дегустираат специјалитети од македонската кујна, беа претставени и традиционални македонски носии.
[foogallery id=”5802″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy