Skip to content

Делегација од Република Косово во посета на Скопски плански регион

ДАТУМ

април 1, 2015

Категории

Делегација составена од околу 10 претставници од Министерство за локална самоуправа и администрација на Р. Косово го посетија Центарот за развој на Скопски плански регион на 01.04.2015 година. На работната средба учество земаа претставници на Министерството за локална самоуправа и администрација на Р. Косово, како и вработените нa Центарот за развој на Скопски плански регион и Претседателот на Советот за развој на Скопскиот регион г-дин Сокол Митровски, градоначалник на општина Ѓорче Петров.
Целта на посетата беше размена на искуство во областа на регионалниот развој во Р. Македонија, како и запознавање со функциите на Центарот за развој на Скопски планскии регион и начинот на работење и донесување на одлуки од страна на Советот за развој на Скопски плански регион.  Презентацијата на реализирани проекти од регионален карактер во изминатиот период во Скопскиот плански регион беа од интерес на учесниците на средбата, а посебно изворот на обезбедување на финансиски средства и начинот на кофинансирање на проектите со средства од општините-партнери на проектите.
Студиската посета на делегацијата од Р. Косово беше организирана од страна на ГИЗ РЕД во Р. Ксово и Р. Македонија.
[foogallery id=”5282″]

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy